Кино сали во Македонија (Cineplex, Шминеплекс и се останато)

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Знае некој точно како оди процедурата во Синеплекс за карта гратис во среда со MasterCard? Дали ако резервирам две карти на сајтот на каса ќе ми наплатат само една?
Ако имаш барем црвена картичка, и да немаш пари на неа ќе можеш да резервираш. При резервација не се наплаќа ништо, и кога ќе дојдеш на каса ќе кажеш дека плаќаш со мастеркард и ќе ти пресметаат се на каса како што треба ;)

Значи идеш и викаш на каса дека купуваш две карти со мастеркард и само една ти ја наплаќаат. Се останато е по регуларна цена. Овие карти не влегуваат во листата на карти за постигнување на црн статус, или други акции на Синеплекс.

Кога ќе ставиш 1.000 денарк, добиваш карта гратис. Ама не го кажуваат и за нив си се картите.

Ноп, имаш на листата со правила за користење на картичката кога добиваш карта гратис. За 30 изгледани филмови (овај 15 во друштво) и при специјални акции како што беше оваа во септември. Јас ставив 3000. 2 карти потрошив на Веном и третата ја чувам за кога ќе има пак некое бесно 3Д филмче :)
 
резервацијава на карти треба да се печати?
 
резервацијава на карти треба да се печати?
Нема потреба. Ако имаш картичка Синеплекс (било каква) ќе ја видат резервацијата, ако не само бројот да им го кажеш или па да им го покажеш меилот што ти стигнал од мобилен.
 
Сакам да си купам карта за во вторник за Веном 2Д и гледам цена 250 денари, наместо 180? А бирам на пример четврток или понеделник и ми дава цена 220 ден.

Јас правам превид или имаат нешто грешка?
 
Сакам да си купам карта за во вторник за Веном 2Д и гледам цена 250 денари, наместо 180? А бирам на пример четврток или понеделник и ми дава цена 220 ден.

Јас правам превид или имаат нешто грешка?
23ти е празник.
Поскапи се картите за празници.
 
Зошто не работи Милениум?
2 пати во 2 недели поминав, технички проблем пишува на вратите...
 
Добро значи Синеплекс стварно се некул пер како може да не ги дават ниту Mid90s,а баш сакав да идам а гледам дека ни at eternity's gate нема да го прикажуват,бар за месец ноември го немат ставено.Може малце да скршнат од двејн џонсон тип на филмови
ко за почеток
 
Зошто не работи Милениум?
2 пати во 2 недели поминав, технички проблем пишува на вратите...
Сега работи имаше нешто реновирање и такви слични проблеми
Добро значи Синеплекс стварно се некул пер како може да не ги дават ниту Mid90s,а баш сакав да идам а гледам дека ни at eternity's gate нема да го прикажуват,бар за месец ноември го немат ставено.Може малце да скршнат од двејн џонсон тип на филмови
ко за почеток
Не е до нив, ретко се даваат фестивалски и инди филмови во помали земји.
Такви се одлуките на дистрибутерот не им се исплаќа да ги праќаат филмовите во вакви земји.

Пример, Џони Инглиш тројката има претерано мало прикажување во САД бидејќи дистрибутерите/прдуцентите сметаат дека никој нема да сака британски лик да гледа во Америка.

Ете на пример mid90s е филм за дете што расте во америка и сигурно истото го сметаат, дека нема никој во Македонија да сака тоа да гледа :D

На пример mids90s е таков инди филм што вчера прв пат почна со прикажување во САД.....и тоа само во 4 сали во цела америка :D Значи такви фестивалски филмови стварно немаат некој распоред на прикажување низ светов, почињаат полека па понатаму одат чекор по чекор.

Викам, вакви филмови или на Синедејс чекај или евентуално после неколку месеци ако филмот стане популарен па да се прошири со прикажување.
 
Не ме држете за збор да не испадне ова-она, ама очекувајте следен викенд (ваљда петок, ама може и сабота) роденден на Синеплекс.
Би требало да има поевтинета цена на карти за 3Д и 2Д проекции (150 или 100 денари ваљда)

Ако испадне вака ќе се поклопи со Синедејс, па така ако планирате да бидете редовни на Синедејс планирајте си што како со време.

upload_2018-10-30_23-11-14.png
 
Сменети се наградите за со поени..

веќе не можете да земете само карта..

Максимално гледаат секој да го заебат бе цццц :(
 
Сменети се наградите за со поени..

веќе не можете да земете само карта..

Максимално гледаат секој да го заебат бе цццц :(
Yup... баш приметив пред некој ден. И повеќе поени треба за работите отколку претходно.
Или можеби само тераат паралелно со зголемување на цените :(
 
Ја одамна неам резервирано на сајтот, последните неколку одења секогаш други резервирале.
Шо може да е проблемов?
upload_2018-11-1_20-19-41.png


Средив, NoScript аддонот за Фајрфокс ми блокирал некој сајт со кој се поврзува веб софтверов за резервација.
 
Последно уредено:
Сменети се наградите за со поени..

веќе не можете да земете само карта..

Максимално гледаат секој да го заебат бе цццц :(

И јас приметив тоа. Дури еднаш и не ми ни дадоа карта да си земам, а ми следуваше. Си ги зимаат за нив и нивни блиски и исто си ги користат поените за нив меѓу себе. Зборам за вработените.

Цените неприметно секој месец си поскапуваат по денарче и на крај од годината ќе видите како чипсот е поскап за 50%.

И најважното шт сакав да го кажам е, мора да стават на секој филм човек што ќе одржува ред и мир во салата. Претходните три пати кога бев на велико се збореше на сред филм. Дури и едно девојче мораше 2 пати да стане да ги опомене, а третиот пат отиде до каса за да ги пријави, па дури тогаш ги избркаа.
 
И јас приметив тоа. Дури еднаш и не ми ни дадоа карта да си земам, а ми следуваше. Си ги зимаат за нив и нивни блиски и исто си ги користат поените за нив меѓу себе. Зборам за вработените.
Те глеам веќе втор-трет пат те тепаат овие теории на заговор дека вработени ти ги користат бесплатните карти што ти следуваат.
Многу ме интересира како мислиш дека го прават тоа? Си префрлаат поени од ТВОЈАТА картичка на нивната, или кога ти ја поминуваат ТВОЈАТА картичка на компјутер си ја вадат картата и не ти ја даваат па одат си гледаат тие со твојата карта.
Јасно ти е дека се вработени и дека ако сакаат да гледаат филм може само да си влезат и да си седнат во сала no questions asked така? Барем се надевам дека ти е јасно, дека не ја слушаш оваа скандалозна информација од мене и сфаќаш колку глупо звучи теоријата дека некој што има 24/7 бесплатен пристап до нешто би крадел од тебе бесплатни карти, и тоа САМО од тебе крадат, многу чудно...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom