И повторно доаѓаме до тоа, што ме цитираш за нешто што неам пишано?
Ако веќе ме цитираш, ќе испаднам глуп и ќе го продолжам муабетот, пеналите не беа непостоечки, поготово не првиот. Игра со рака имаше во вториот, првиот му заби лакт у врат пошто ако не го кренеше лактот Мане ќе го прелеташе тој капитенот, како и да се вика. Јас убаво пишав, јасно ми е дека се послаби ама сељачките стартови, буткања од позади, лактања не проаѓаат во Европа. Уствари проаѓаат на моменти, ако си дел од кремот (за жал), вака само останува слика дека тимови од Балканот се потпросечни исфрустрирани сељачишта кои сакаат да се докажат со лактање и отворени ѓонови. Едно е да играш машки фудбал, друго е да го правиш ова што го правеа вчера играчиве.