Serie A 2018/2019

  • Креатор на темата Креатор на темата Mondonico
  • Време на започнување Време на започнување

Дали Скудетото ќе остане во рацете на Јувентус?

  • Да

    Гласови: 82 50,3%
  • Не

    Гласови: 32 19,6%
  • Интер

    Гласови: 28 17,2%
  • Рома

    Гласови: 7 4,3%
  • Наполи

    Гласови: 7 4,3%
  • Милан

    Гласови: 20 12,3%
  • Фиорентина

    Гласови: 5 3,1%
  • Лацио

    Гласови: 4 2,5%
  • Друг тим

    Гласови: 3 1,8%

  • Вкупно гласачи
    163
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Сусо па еден играч што е, ќе фател прва постава, хк пу!

Врска нема дечкото, еднонасочна улица со сосема просечни квалитети. Слаб е овој состав на Милан, освен Игуаин кој е класа се друго е неквалитетно или неискусно. Донарума колку и да се критикува сепак прерано влезе во овие води, ќе му треба време и зрелост да се реализира самиот себе. Квалитетот кај него е неспорен. Истото и за Ромањоли иако тој е сепак на многу подобро ниво.

Интер успеа да склопи каква таква целина и да не постоеше Јувентус со ваков состав лесно ќе можеа да се борат за титула. Не дека вака не можат, ама Јуве има два состави да направи и има многу простор за маневрирање. Плус тука е индивидуалниот квалитет. Во секој случај за да може Интер да направи нешто посериозно мора тимот да биде подобро менаџиран. Спалети покажа многу слабости и никој не може да тврди дека нема да ги повтори во (блиска) иднина. А просторот за грешка е многу мал, па затоа таа ригидност во играта мора на одредени моменти од сезоната да се трансформира во нешто поопуштено и течно, со цел ваквото мачење како вчера да биде намалено. Бидејќи колку и да станува збор за дерби, сепак резултатски мечот Интер го доби многу потешко со оглед на очајната партија на Милан. Ваков Милан требаше да биде испратен барем со 2 разлика, без особено потење.

Спорен е.

Со се друго се согласувам.
 
inter-milan1.jpg
 
Милан има еден два подобри играчи од Интер и тоа е тоа, ништо повеќе, изиграа многу лошо на трансфер пазарот последните неколку години.
 
osven iguain koj bi go odbral drug od Milan?
Родригез пред Асамоа и Ромањоли пред Де Вриј.

Да се разбериме, најголем проблем на Милан моментално е тренерската позиција и цела структура вертикално до сопственикот кој и да е сега.

Незнам што бладаат интерашиве ама неможе човек да рече дека Кандрева е подобар од кој било, десен бек немаат, левиот беше трета опција во Јуве, Ханданович многу нестабилен голман во последнава сезона, Донарума има помалце киксеви, Наинголан наклоци избркан од Рома, Веќино и Брозивич не се ништо подобри од Кеси и Бонавентура доколку овие двајца би имале подобар тренер, Перишич е класа заедно со Икарди кој би го зел пред Игуаин ради годините.
 
Си се помешал малку но добро. Секако Родригез пред Асамоа. Брозовиќ последнава година е еден од најдобрите везњаци во Италија, а Перишиќ е се само не класа, затоа што од Декември навака на клупско ниво нема една добра утакмица изиграно. За Наинголан тоа што е избркан не значи дека е слаб играч, туку дека амбициите на Рома се купи за кило компири продај за 500 мил. а резултатите им се во втор план, барем според тоа како се однесуваат Мончи и Палета.
 
Брозович искина против Милан, мислам дека сезонава игра како препороден после светското.
Политано е одличен трансфер.
Океј, можеби Ромањоли е подобар од Де Вриј, ама ако го споредиш интерашов со Мусачо ондак предноста иде на конто на холанѓанецот.
За кој кур е донесен Калдара?

Милан купија толку многу играчи, а играат со истиот тим од лани + Игуаин.
Истото од лани, ги плукаме играчите дека биле тапа ко трансфери, а клубот воопшто не ги интегрира истите, не им дава никаква шанса. Ќе го спомнам силва.
Кастилехо и Лаксалт се повеќе од солидни за да влезат после 60та и да ја нападнат онаа лабава десна страна на интер, ама Гатузо...
Донарума страда баш од тоа "новиот буфон", има преголема самодоверба и се замислува дека е кој знае што, 19 години има, им јаде гомна на дефанзивците демек лошо се поставени. Мора да се спушти на земја, премногу лета во облаци. Затоа и праи такви киксови. Иначе реално е голманиште, имаше одлични интервенции на неколку наврати. Мора да поработи на игра со нозе и на процена на вакви набацени топки. Иако не беше целосно негова кривица голот, не изиграа ко мали деца во одбрана.

Проблемот во милан е што игра споро.
Последниве утакмици со киево и со сасуоло и олимпијакос видов позитивна промена во овој сегмент (забележавме релативно убедливи победи со 3/4 дадени голови).
Од тој аспект гатузо имаше убава замисла да ги рока на контри, ама кога играат Бонавентура и Хакан едноставно НЕМОЖЕШ да очекуваш ефективна контра против посилен противник како Интер, пошто овие се солиранти и спори морони, лагано, полека.
И реално, Игуаин не е нешто импресивен со глава а овие инсистираа на таква игра, посебно кога Интер имаат 2 дефанзивци кои се за 1 глава поголеми од него. Ајде и тоа ќе го разберам, ама на тие очајни центаршутеви што да кажам.
Пази, инсистираат на центаршутеви а на лево крило игра деснак, а на десно крило левак... логика вришти.

И ве молам Родригез не го преценувајте. На тотално исто ниво се со Азамоа. Крај приче.
Со глава у топка и само назад подавање го праите подобар. Немојте со глупости, ве молам. Родгригез е тапа играч исто колку Азамоа. Само што вториот игра у подобар тим.
 
Си се помешал малку но добро. Секако Родригез пред Асамоа. Брозовиќ последнава година е еден од најдобрите везњаци во Италија, а Перишиќ е се само не класа, затоа што од Декември навака на клупско ниво нема една добра утакмица изиграно. За Наинголан тоа што е избркан не значи дека е слаб играч, туку дека амбициите на Рома се купи за кило компири продај за 500 мил. а резултатите им се во втор план, барем според тоа како се однесуваат Мончи и Палета.
Перишич е класа за сите офанзивни играчи на Милан, и за турчинот и за Сусо, а Брозович нека игра во Милан и ќе се виде колку е јак.

Предност на Интер моментално е Спалети во однос на Гатузо, можеби не е прејак менаџер но е многу подобар и знае да извади повеќе од играчите и тоа се гледа по резултатите.
 
Заебанциите на страна,хипотетички замисли утре Интер и Милан прават фузија и тебе те ставаат за тренер да ги одбериш играчите и екипата т.е. да направиш состав од 23-4 играчи ..колку од Интер ќе земиш а колку од Милан?..и кои 11 ќе ти бидат онака фиксна стартна постава т.е. играчи на кои ќе се потприш?..

Не дека сум за Интер ама ете за мене лично освен Сусо не гледам кој играч би фатил прва постава во Интер......на сите други позиции Интер има подобри играчи,заебанцијата на страна..глупаво е сега како децата мали да ги споредваме индивидуално чекор по чекор ама ајде размисли вака логично ти лично да правиш состав од двете екипи пак 80% од играчите што ќе ги одбериш ќе бидат од Интер.
Donaruma pred Handanovic, romanoli de vrij i skriniar centralni, pero levo krilo suso desno, naingolan kesi i brozo sredina, iguain ikardi u spic... 3-5-2[DOUBLEPOST=1540297243][/DOUBLEPOST]Tie se 11 najjaki ako hipoteticki se fuziraat
 
Iguain i icardi nemozat da igrat zaedno i dvujcata se cekaci i poveke ke si smetat zaedno ako igrat
 
Iguain i icardi nemozat da igrat zaedno i dvujcata se cekaci i poveke ke si smetat zaedno ako igrat
Znam ali zatoa velam tie se najdobri 11 hipotetitcki ako se fuziraat.. zatoa i takva formacija napraiv na hartija.. u realnost ne e izvodliva ama na hartija 11 najjakite gi izdvoiv spored mene
 
Прекинете да ме смеете,ги измешавте тотално формациите ,триста претумбации направивте да најдите место на Ромањоли и Игуаин, а во реалност нема теорија да фатат прва постава во Интер..па и уште Донарума пред Ханданович:pos:..Кејси не би го зел ниту за резерва,ништо подобар од Жо Марио кој нема влезено воопшто за Интер,ниту пак од Гаљардини.
 
Мене ми е океј играч Кеси, мислам дека моментално слабиот тим на Милан го кочи, односно го спречува да покаже колку е квалитетен. Сеа не е Есиен јебига, ама не е ни Бакајоко, трча многу дечкото, брз е, знае да изнесе топка али во мртвиов Милан нема никаква помош од соиграчите. Генерално гледано слаб тим има Милан моментално, зборувам во однос на Јуве, Наполи и Интер, а да не заборавиме дека лани потрошија 200 милиони во едно лето. :cenzura: Премногу инвестирања а никакви резултати.
 
Да не заборавиме дел од вашите инвестирања каде и како завршија, ама важно Милан потроши 200 мил во едно лето. :icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom