Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.127
- Поени од реакции
- 62.430
Сусо па еден играч што е, ќе фател прва постава, хк пу!
Врска нема дечкото, еднонасочна улица со сосема просечни квалитети. Слаб е овој состав на Милан, освен Игуаин кој е класа се друго е неквалитетно или неискусно. Донарума колку и да се критикува сепак прерано влезе во овие води, ќе му треба време и зрелост да се реализира самиот себе. Квалитетот кај него е неспорен. Истото и за Ромањоли иако тој е сепак на многу подобро ниво.
Интер успеа да склопи каква таква целина и да не постоеше Јувентус со ваков состав лесно ќе можеа да се борат за титула. Не дека вака не можат, ама Јуве има два состави да направи и има многу простор за маневрирање. Плус тука е индивидуалниот квалитет. Во секој случај за да може Интер да направи нешто посериозно мора тимот да биде подобро менаџиран. Спалети покажа многу слабости и никој не може да тврди дека нема да ги повтори во (блиска) иднина. А просторот за грешка е многу мал, па затоа таа ригидност во играта мора на одредени моменти од сезоната да се трансформира во нешто поопуштено и течно, со цел ваквото мачење како вчера да биде намалено. Бидејќи колку и да станува збор за дерби, сепак резултатски мечот Интер го доби многу потешко со оглед на очајната партија на Милан. Ваков Милан требаше да биде испратен барем со 2 разлика, без особено потење.
Спорен е.
Со се друго се согласувам.
..Кејси не би го зел ниту за резерва,ништо подобар од Жо Марио кој нема влезено воопшто за Интер,ниту пак од Гаљардини.
Премногу инвестирања а никакви резултати.