МТФ „Војдан Чернодрински“ 2019
- „Макбет“ - МНТ, режија Нела Витошевиќ
Сашко Коцев и сериозна претстава. Оксиморон. Уште пред премиерата знаев дека ќе е катастрофа - и бидна. Визуелно претставата беше одлична, настрана од Сашко улогите беа релативно добро поделени и изиграни (Вуиса, Благој, вештерките
и Драгана како Леди Макбет
), костимите беа перфектни, атмосферата на самиот текст сценски беше супер доловена, но воопшто не ми се допадна како финален производ. Немаше флоу, премногу заморна и долга, без режисерски „потпис“, без поента и да, факинг Сашко Коцев како Макбет. Како бе? Нела, сериозно, како? Во кој твој универзум Сашко може да изигра трагична главна улога? Било кој друг актер, буквално, ќе беше подобар избор. Слабо тројче од мене.
- „Венера во крзно“ - Кино Култура и Театар на навигаторот Цветко, режија Ивана Ангеловска
Можеби најубавата претстава што сум ја гледал во животот. Ми го наполни срцето. 10+. Ивана и Благој се чудо од актери и чудо од луѓе.
до бесконечност.
Се друго што имам да кажам, кажав во рецензијава, ви благодарам однапред на читањето
.
gledaj.mkc.mk
- „Бакхи - краток преглед на распадот“, Битолски театар, режија Игор Вук Торбица
Епски театар, солзи, пот и крв. Доста бавна и ментално захтевна на почеток, но токму во моментот кога си на работ на дискомфортот и си готов да речеш па кој кур се случува овде, каде е Еврипид во сето ова и зошто сеуште седам и гледам, започнува спектаклот и со 110% вози до самиот крај. Останав без зборови од перформансот на целиот ансамбл, кој што исто како и прилепскиот, постојано докажува дека е способен не само да се носи со било каква претстава, туку и понесен од својата синергија, да креира и огромна додадена вредност и секоја продукција да ја воздигне на едно скај-хај ниво. Не вреди да пробувам да опишувам во детали, бидејќи што и да напишам ќе биде малку за сето тоа што се случува на сцената. Презаслужена главна награда и огромна препорака до сите искрени театарџии.
- „Странци“ - Драмски театар, режија Нела Витошевиќ
Искрено, преку Тасета веќе од сценски преџвакувања на филмови. Претставава единствено ја извадија искусните волци на сцена, кои Нела добро знаела како да ги одбере и со тоа да си ја заврши својата работа. Буквално ништо друго не се сработило, освен што сценографите ја наместиле сцената и глумците го научиле текстот. Филмот го гледав околу Божиќ, но не верувам дека е до тоа, бидејќи и пред 3 години да го бев гледал, повторно ќе се чувствував исто. Имаше океј хумористични моменти, не беше заморна и тоа е тоа. Просечно тројче.
- „Пиреј“ - Прилепски театар, режија Љупчо Ѓоргиевски
Само океј за мене, ништо повеќе. Знам дека е роман и дека е навистина тешко да се постави на сцена, ама сепак можеби можело да биде подобро изведено (а, како подобро немам појма ни самиот, нејсе). За глумата немам коментар, наградите за Марија и Степануле се сосема на место, но мене ни да ме такне што би рекол Пикац. Ваљда е до мене и до мојот вкус. Останува фактот дека е навистина сериозно спремена претстава и заслужува да се погледне.
Изненадувачки добар провод и за ЕСРА стандарди навистина одлично сработено. Децата (а и еден 35-годишен што не знам што мајка бараше во претставава) изглумија супер, ни покажаа понекое цице и лабудче (наклон за храброста) и генерално добро се претставија.
- „Ана и Хана“ - Турски театар, режија Драгана Гунин
Добро е што е релативно кратка, па издржав некако до крај. Не ми се допадна баш, иако сите потребни елементи си беа присутни и беа на ниво. Ваљда е до тоа што е демек young adult, па затоа мене ми се виде празна, бледа и без поента.
- „Дневникот на лудиот“ - монодрама на Бобан Алексоски, режија Ѓорѓи Ризески
Бобане дете, кое возење ни го приреди, секоја ти чест! Капа до под! Ме зачуди, ме воодушеви, ме насмеа до солзи, ме тресна од земја, ме натера да се соживеам со тебе и да те сожалувам и сето тоа во само 50-тина минути. Мразам претстави со учество на публика, но овде тоа беше одлично осмислено и изведено. Неконвенционална, магична и навистина луда. Браво!
Настрана од „Војдан“, го изгледав и следново во изминатава сезона.
- „Казимир и Каролина“ - Прилепски театар, режија Нела Витошевиќ
Исто како и „Венера“, прекраснотија од претстава, убавина и за очи и за душа. Ми се чини единствена претстава која ми го стегнала грлото и ми измамила толку силни емоции. Седев некаде на трет ред и се гледав очи в очи со глумците, кои сите до еден си ги соголија душите пред нас и пуштија и понекоја човечка (а, не актерска) солза.
- „Демократија“ - Прилепски театар, режија Кирил Петрески
Хм, онака, просечно. На моменти заспивачка, немаше воопшто динамика на сцена (позитивно е што е релативно кратка), но просечно добриот текст (кој на моменти допринесе за „досадноста“) и секогаш квалитетната глума сепак преовладаа на крајот. Доволна добра за да се гледа во рандом саботна вечер.
- „Женска утопија“ - монодрама во улога и режија на Димитрина Мицкоска
Парчиња од монолози на женските ликови на Плевнеш, така да тука нема што да се коментира, a Димитрина е глумица и пол
.
- „Еден месец на село“ - МНТ, режија Паоло Маџели
Перфектен кастинг, перфектен баланс на драматични и комични елементи, перфектно времетраење, перфектно се. Претстава за сечиј вкус и претстава што едноставно
мора да се изгледа. Прочитав пар рецензии според кои не била баш одлична, Маџели не знаел во кој правец ја терал, заморна била за гледање, бла бла.....ништо од тоа нема врска. Уживав во секоја една секунда од тие 2 и пол саати (кои поминаа како ништо) и во перформансот на буквално сите актери од екипата. Shout out за Сашка и Дарја; женетини
.
- „Семејни приказни“ - Прилепски театар, режија Милош Б. Андоновски
Издржан и интересен текст на Србљановиќ, поврзан со транзицијата и екс-Ју војните. На мала сцена со oдлична сценографија и со, за ваков сериозен текст, навистина умешно проткаени комични нишки. Пофалба за екипата
- „Медеа“ - Plovdiv European capital of culture, режија Десислава Шпатова
Првпат гледам претстава во амфитеатар и останав без зборови. На пола изведба надојде олуја, со ненормален дожд и громови на 10 метри од амфитеатарот, а ние тројца под едно кинеско чадорче накиснавме до гола кожа. Нит изведба се прекина, нит некој си замина, глумците почнаа и да импровизираат и да си играат со локвите вода на сцена. Иако не беше по мој вкус и не бев премногу воодушевен, сепак целосното искуство беше неописливо.