FLN и Travel channel ќе бидат заменети со Luxe TV и Travel XP.
DIsney каналот ќе биде заменет со Vavoom и Duck TV... Додуша нели овие два канали веќе ги има?
IDJ каналот го немаше ли досега?
Food Network исто ќе го укинат, бидејќи е дел од групација за со FLN и Travel, кои неодамна станаа дел и од Discovery.
И да, ќе вовеле, верувале или не, радио канали...
Сума сумарум, катастрофален потег бидејќи FLN и Travel се едни од најледаните во земјава, а воедно и беа локализирани т.е. преведени на македонски јазик.
Е сега ако некогаш во далечната иднина им текна на Вип т.е. наскоро А1, да ги вратат Discovery каналите, најверојатно и овие ќе бидат вратени.
https://www.vip.mk/media-centar/izvestuvanja/-/notfs/read/3115991
IDJ никогаш досега не го имало во телевизиската понуда ниту на поранешен Кејблтел/Близо, ниту на денешен Вип ТВ, Vavoom не верувам дека го имало во телевизиската понуда на Кејблтел/Близо/Вип ТВ, но за Duck TV знам дека го имаше порано, па го отстранија, па сега повторно ќе го враќаат.
И да, Food Network, Fine Living Network - FLN и Travel Channel се` во сопственост на Discovery Networks, чии што канали беа исклучени од страна на Вип ТВ и од страна на Македонски Телеком на почетокот на јануари 2018, бидејќи не успеаа да договорат пониски цени за авторските права за емитување и/или ре-емитување на телевизиските содржини од тие ТВ канали.
Ни Телеком А1, ни ништо нема да ги спаси од намалување на бројот на корисници на нивната дигитална телевизија доколку продолжат со ваквите идиотизми.
Патем, кај тебе во Чаир - реон Чаир, а не само општина Чаир - се прават или ќе се прават некакви копања и пуштања на оптички кабли со цел проширување на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, која и онака е` веќе достапна низ Топанско Поле и Скопје Север заклучно со булевар Босна и Херцеговина, како и низ Визбегово.
За жал, оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком не е достапна источно од улица Кемал Сејфула, односно од страната на стадионот и бензинската пумпа на Макпетрол, а не е достапна и во други делови од Чаир.
Но има или ќе има некакви копања и пуштања на оптички кабли накај Македонија Лек, па не би било лошо да поминеш до поштата во Чаир наспроти стадионот и да прашаш дали е достапна или дали ќе биде достапна оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком на твојата улица во блиска иднина. Не за нешто друго, туку бидејќи преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком ќе можеш слободно да се префрлиш и на Неотел, односно нема да мораш да бидеш корисник на Македонски Телеком.
Ова ми се неофицијални, односно непотврдени податоци од соработници на Ериксон, но ништо нема да те чини да отидеш до поштата во Чаир и да прашаш за понатамошниот развој на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком низ реон Чаир.