A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Xak
  • Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.850
Поени од реакции
8.247
Во Хрватска Vip го смени името во A1.
Приметив дека кога ќе се оди на A1.mk ве носи на овој сајт https://www.a1.group што можеби значи дека за брзо и македонскиов Vip ќе се се смени во А1.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
Кој Телеком?
Српски телеком е сопственик на Арена каналите. Во Македонија ние ги гледаме српските Арени, на Макс ТВ во Хрватска има хрватска верзија на Арена, кој од годинава ги изгуби правата за ЛШ, но ги задржа правата за ЛЕ. Правата за ЛШ отидоа во ВИП и се емитуваат преку специјализираните канали Планет Спорт достапни само за корисниците на ВИП.

Е сега тоа направи збрка на останатите пазари, бидејќи ВИП не беше заинтересиран за останатите држави кои претходно одеа во пакет. Исто така МТВ не успеа да си го одврзе кесето па годинава прв пат нема да може да се гледа ЛШ бесплатно. Шпекулациите велат 1 милион евра за натреварите во среда е цената за 3 години пренос на некоја национална ТВ. Што се однесува до правата за ЛШ, Телеком најлегално и најтранспарентно ги има откупено истите како и претходните години, а за возврат добива ексклузивност на правата за Арена. Доколку дојдеме до ситуација да Арена каналите мора да се понудат на останатите оператори (не верувам) ќе добијат понуда која едноставно нема да им биде исплатлива. Инаку коренот на овој проблем е војната на регионлано ниво која се води помеѓу СББ и Телеком Србија (Спортклуб вс. Арена), ама на тоа е за пофдолга дискусија и не е соодветна во оваа тема.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.577

Како најлегално а добива казна од кзк?

Арена не е само ЛШ бтв
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.047
Поени од реакции
12.590
Како најлегално а добива казна од кзк?

Арена не е само ЛШ бтв
Казната сеуште не е правосилна, а меѓу другото е` прекршочна казна, исто како да си поминал со возило на црвено, или исто како да си поминал улица или булевар пешки надвор од означениот пешачки премин - те казнува финансиски, но тоа не ја исклучува можноста да го повториш прекршокот во иднина.
 
Не е де...

А не се согласувам дека е компарацијата баш точна, не сме правници никој од нас претпоставувам.

Ќе видиме за некој месец, сеа џабе збориме.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
Како најлегално а добива казна од кзк?

Арена не е само ЛШ бтв
Друже понудила највеќе пари за правата за ЛШ за територијата на Македонија. Можел некој друг да го направи, ама не го направил, не знам што е тука нелегално. Во Хрватска МАК ТВ се бореше со ВИП и изгубија до точка каде видоа дека нема повеќе економска логика за наддавање.

Казната е за сосем друга работа, не за стекнатите права. А Арена не е само ЛШ, ама тоа е услов за ексклузивност
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.577
Друже понудила највеќе пари за правата за ЛШ за територијата на Македонија. Можел некој друг да го направи, ама не го направил, не знам што е тука нелегално. Во Хрватска МАК ТВ се бореше со ВИП и изгубија до точка каде видоа дека нема повеќе економска логика за наддавање.

Казната е за сосем друга работа, не за стекнатите права. А Арена не е само ЛШ, ама тоа е услов за ексклузивност
За што е казната~?
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
За што е казната~?
Казната е за монополистичко однесување, не за начинот на кој се купени правата. Правата се купени со давање на најповолна понуда и тука нема ништо спорно. Телеком е казнет што не дозволува да се пренесува ЛШ и на други платформи.
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Џабе се препуцавате.
Реалноста е дека пола македонија не може да гледа ЛШ, а процесот е заглавен на управен суд со месеци.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.850
Поени од реакции
8.247
Џабе се препуцавате.
Реалноста е дека пола македонија не може да гледа ЛШ, а процесот е заглавен на управен суд со месеци.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
И врти-сучи ќе заврши сезоната на Лига Шампиони/Лига Европа а ова нема да се реши ќе остане процесот заглавен сеуште на управен суд, пола Македонија обожаватели на фудбал ќе се снаоѓаат како умеат и знаа за гледање.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Во пакетот Комбо Нео М се трите HBO. Обично приквечер сме приметиле, бара лозинка. Знам која е, туку иритира. Од ХБО 1 се префрлувам на ХБО 3 и за половина минута пак се враќам на ХБО 1. Филмовите се најнормални, со помалку крв од другите канали. И пак ми бара лозинка. Двапати се јавував, пријавив проблем, тие пак со иста песна. Прво објаснување -тоа е до ХБО :confused:па кога велам дека не е, дури и да е, тие се должни да ми овозможат нормално гледање на каналите. Втора мајка, советуваат -ај да пробаме да рестартираме рисивер :mad:
Поставките не сум ги менувал, за кодот пишува -без пауза.
Имаат некој проблем со рисивериве или каналиве? Ми се одмили да ги гледам. Инаку рисиверот е КАОН 1200
 
Последно уредено:
Член од
7 април 2015
Мислења
2.795
Поени од реакции
1.704

Обично во програмската шема, има дадено добна граница на програмата, ако пишува 18 како на многу програми тогаш ќе ти бара лозинка.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.850
Поени од реакции
8.247
И на Макс тв Телеком е вака со HBO и Cinemax голем дел од програмата е заклучен а тоа е заради категоријата на филмовите. На Макс тв има опција да се исклучи тоа заклучување но никогаш не сум пробал да наместам да се секогаш отклучени бидејќи мислам се заклучени како канали за возрасни па може и порно каналите да ми се отклучат а не би сакал тоа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Заборавив да спомнам, завчера кога се појави тоа за лозинка, излегов запалив цигара. Се враќам, никој не го пипаше, само си продолжи, без лозинка.
Обично во програмската шема, има дадено добна граница на програмата, ако пишува 18 како на многу програми тогаш ќе ти бара лозинка.
има и други канали над 18 што не бараат лозинка. Овие конкретно беа некои серии, би рекол фамилијарни, исти како што ги даваат преку ден. А преку ден не бара лозинка.[DOUBLEPOST=1539510099][/DOUBLEPOST]
И на Макс тв Телеком е вака со HBO и Cinemax голем дел од програмата е заклучен а тоа е заради категоријата на филмовите. На Макс тв има опција да се исклучи тоа заклучување но никогаш не сум пробал да наместам да се секогаш отклучени бидејќи мислам се заклучени како канали за возрасни па може и порно каналите да ми се отклучат а не би сакал тоа.
го гледав упатството, има опција лозинката да трае без пауза, постојано. Така е и вклучено и пак бара.
Ќе мора да се помирам со судбината :)
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308
FLN и Travel channel ќе бидат заменети со Luxe TV и Travel XP.
DIsney каналот ќе биде заменет со Vavoom и Duck TV... Додуша нели овие два канали веќе ги има?
IDJ каналот го немаше ли досега?
Food Network исто ќе го укинат, бидејќи е дел од групација за со FLN и Travel, кои неодамна станаа дел и од Discovery.
И да, ќе вовеле, верувале или не, радио канали... :)

Сума сумарум, катастрофален потег бидејќи FLN и Travel се едни од најледаните во земјава, а воедно и беа локализирани т.е. преведени на македонски јазик.

Е сега ако некогаш во далечната иднина им текна на Вип т.е. наскоро А1, да ги вратат Discovery каналите, најверојатно и овие ќе бидат вратени.

https://www.vip.mk/media-centar/izvestuvanja/-/notfs/read/3115991
 
Kajgana Shop

На врв Bottom