Не знам зошто сите упорно го спомнувате Бускетс како играч на кој му е падната формата
И не само во овој фан клуб, општо сите имаат такво мислење. На мене баш константен ми е Бускетс. Знае понекогаш да има и лош натпревар, ама иначе си е топ.
Пике и Суарез се катастрофа, мизерија невидена. Првиот ќе изигра еден добар натпревар, па 10 лоши, а Суарез не изиграл натпревар на ниво 2 години. Ракитич исто знае да се изгуби.
Таа е тројката според мене која не треба да игра прв состав: Пике, Ракитич и Суарез. Ракитич е одличен играч за ротација, и има шанса да биде првоцимец доколку си ја подобри формата, ама другите 2ца веќе ги потрошија сите кредити. Срамота е да бидат недопирливи во ваков тим, треба да бидат седнати на клупа веќе.