Повели, изгледај и види дали бил некултурен или не.
Човекот си образложи фино лепо околу сите нерегуларности околу референдумот и даде коментари околу договорот.
Жал ми е што сендвичите и личниот интерес, корупцијата на медиумите, судиите и политичарите направија страшен раздор меѓу народот, а со подмолните прашања (кои патем се противуставни според она што го изложи Апасиев) раздорот го продлабочуваат. Овој референдум требаше да биде фино лепо со кратко и јасно прашање, „Дали сте за промена на уставното име на државата во Република Северна Македонија, со цел решавање на спорот со Грција“, а не финтите од типот дали сте за ЕУ и НАТО или финти од типот на кампањата „ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА“, договорот во принцип само тоа и гарантира, никаде не пишува временска рамка за колку години ќе влеземе во ЕУ.
Европска Македонија може да бидеме само кога ќе ги средиме институциите, кога ќе отстраниме корупција, кога ќе може да кажеме јасно и гласно без страв дека ќе летаме од работа затоа што нашето мислење не им се допаѓа на политичарите и т.н, а вакви какви што сме уште 10-15 години нема никој да не прими во било која нормална унија, па ако сакате и целосно да го тргнете зборот Македонија од името.
Така да тие што ќе излезете на 30ти да гласате, излегувате за промена на името, а не за влез во ЕУ, ако сте за влез во ЕУ ќе почнете да пријавувате корупција, ќе почнете да ги осудувате сите ваши пријатели и роднини кои прават криминал и јавно ќе го изнесувате се она што ќе го видите како криминал без разлика за кого се работи и ако јавен обвинител не преземе мерки против тоа ќе го изнесете истото на социјални мрежи за да се преслуша и надлежниот орган зошто не постапува правно, се додека не почне народот да се грижи за државата и да ги среди институциите нема никој да не среди, почнете од влезот и улицата во која живеете и продолжете со околината. Скандинавските земји не се средени само оти имаат совесни политичари, туку оти имаат друг менталитет и совест кај народот, оди фрлете ѓубре пред комшијата да видите кој ќе ве пријави за истото, или пробајте да удрите дете па да видите за колку време ќе ви стигне социјална служба на врата, кај нас тоа се вика кодошење, а во нормалниот свет грижа за општеството.