Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Среда обид:Стискајте палци:place:

656565.png
 
Ми треба англиски превод за Исцелител, ако може некој да најде.
 
Македонија е 61 држава која го објави својот кандидат за Оскар за филм од неанглиско говорно подрачје - Исцелител или Secret Ingredient на Ѓорче Ставревски. Останати филмови кои биле во конкуренција:
-Враќање на Кастриот Абдили
-Незаборавната пролет во заборавеното село на Куштрим Бектеши
-Година на мајмунот на Владимир Блажевски и
-контраверзниот Ругање со Христос на Јани Бојаџи.

Еве ја листата со останатите кандидати, уште еднаш: https://letterboxd.com/zlatikevichius/list/submissions-to-the-91st-academy-awards-for/
 
Не ми се верува дека уште има луѓе што не сфаќаат како функционираат Оскариве за странски филмови (на фејсбук, не на форумов нормално :D )

Исцелител е одбран да биде дел од поголемиот избор за филмови од неанглиско говорно подрачје.

Ова не е никаков успех нити нешто неверојатно.

Речиси секоја година праќаме филм.

Исцелител беше најпопуларен и најзборуван филм од сите (пар) филмови што излегоа кај нас лани.

Не знам зошто ова го сметаат за огромен успех.

Ова е исто како да пратиме песна во полуфинале на Евровизија... нормално, очекувано и најверојатно нема да донесе никаков успех и никој во светов нема да знае дека постоел филмов.
 
Никој нема да ти реагира тука, пиши го на статус, одамна немало конфликт на SJW псевдоинтелектуалци што млатат празна слама на фејсбук.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom