Македонски филмови

Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Во понеделник Златна Петорка на Алфа. Термин не знам точно ако видам најава ќе пишам.
Златна Петорка ќе се емитува во 21.30 во понеделник 13.08 на Алфа. Информацијата ја добив од Алфа ТВ, Јас радо би го снимал ама не сум обучен за таа работа, затоа апелирам кој знае и кој може да го снима.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.029
Добар е Исцелител само крајот можеле малку подобар да го направат.Е ова се вика критика на опшеството а не Фамилијата Марковски.[DOUBLEPOST=1533814821][/DOUBLEPOST]
Можда 100 пати е прашане,ама ќе бидам 101иот...
Исцелител некаде онлај го има? На тракер мк не го најдов,а у Дојран кога го пуштаа бев Архангел да ги слушам :/
http://vidzi.tv/4xm45i4pmyih#.Wz6pCSOxU0M
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.069
Поени од реакции
8.378
Златна Петорка ќе се емитува во 21.30 во понеделник 13.08 на Алфа. Информацијата ја добив од Алфа ТВ, Јас радо би го снимал ама не сум обучен за таа работа, затоа апелирам кој знае и кој може да го снима.
A истото е што беше серијата на МРТ или има некој плус сцени ?
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.435
Поени од реакции
25.356
Златна Петорка е достапен за симнување на Тракер мк :vozbud:

Еве го и моето скромно мислење и критика за овој филм:
https://letterboxd.com/filipchebt/film/golden-five/
Многу скромно и фино ти е мислењето :D мислев побрутално ќе го искасапиш, пошо реално има бајаги простор за тоа :D
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.069
Поени од реакции
8.378
Последно уредено:
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
http://www.reborn.mk/izi-nov-nem-film/

ИГОР ИВАНОВ ИЗИ СО НОВ НЕМ ФИЛМ ВО СТИЛОТ НА 30-ТИТЕ

„Љубовникот“ е насловот на нoвиот краткометражен филм по сценарио и во режија на Игор Иванов Изи. Она што е специфично е дека е снимен во манирот на старите неми филмови од 30-тите години на минатиот век.
Снимањето, кое се одвиваше во скопската населба Карпош 2, заврши пред неполни два месеци, а сега филмот е во завршна фаза на пост-продукција. Атмосферата на немиот филм е присутна на сите нивоа – снимање со 18 квадрати во минута, звучни ефекти, сценографија, костимографија, приод на камера, но и актерска игра со нагласена гестикулација својствена за тој период.

Филмот раскажува приказна за љубовен триаголник, а улогите ги толкуваат: Игор Ангелов, Наталија Теодосиева и Сашо Петровски. Кинематографери на филмот се: Драган Салковски, Дејан Димески и Томи Салковски, костимограф е Емилија Атанасовска, монтажата е на Владимир Павловски, а продуцент е Томи Салковски.

„Оваа нетипична филмска авантура за актуелното време има амбиција да потсети на филмската естетика од минатото, на големината на подвижните слики независно од тонот, и гледано од денешен аспект, гледачот да ја види таа сензација и натаму како свежа филмска форма.“, велат авторите.

Филмот е во продукција на „Скопје Филм Студио“а истиот е подржан од Агенцијата за филм на РМ.

 
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.069
Поени од реакции
8.378
Avec L’Amour го даваат на Aljazzera Balkans. Прикажуваат некој документарци што биле дел од сараевскиот филмски фестивал.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Министерство за култура со реакција за Ругање со Христос на Јани Бојаџи . Како што велат филмот кој платен од народот гп вреѓал народот. Шиптариве само ги вреѓа некој, Кога денот немаше име им сметаше, сега и овој.* Не навлегувам во квалитетот на филмовите. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2065157926841607&id=161495170541235[DOUBLEPOST=1535893847][/DOUBLEPOST]Плус интересно интервју со Јани Бојаџи за филмот, кое доста ми го разјасни филмов. Се надевам ќе го има филмов на Браќа Манаки. Иако сигурно ќе го маргинализираат како Кога денот немаше име, да не биде ни на отворање ниту на затворање.https://www.slobodnaevropa.mk/amp/29449519.html
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.029
Филмчево добро ми стои па ќе видиме.Некој кој е по упатен може ли да објасни дали агенцијата за филм може да го забрани филмот?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.271
Поени од реакции
37.981
Филмчево добро ми стои па ќе видиме.Некој кој е по упатен може ли да објасни дали агенцијата за филм може да го забрани филмот?
Агенцијата за филм, поточно нејзиниот директор, Тозија, иако е сега од владејачката гарнитура, чиј Министер за култура го осуди филмот, рече дека е за авторска слобода и против секаква цензура во уметноста, со што имплицитно се огради од ставот на Министерството.[DOUBLEPOST=1536083272][/DOUBLEPOST]Јани Бојаџи:

„Министерството за култура со ова соопштение повикува на насилство и терор врз мене како уметник и насилство и терор врз филмот „Ругање со Христос“ како уметност! Ова „комунике“ напишано во недела, на 2-ри септември, е вовед во фашизам во Македонија. Министерството за култура ме обвинува замислете за „идеолошка малверзација“! Со такви обвинувања за „идеолошка застранетост“ во 1936 година Хитлер го започнал прогонот врз модерната уметност во Германија, Сталин големите чистики, а во 1949 година со таа реченица луѓе биле праќани на Голи Оток! Ова е макартизам од најдолен вид! Македонското Министерството за култура без око да му трепне јавно објавува дека ќе „воведе контрола врз цитирам: темите, идеите и пораките што ги испраќаат овие филмови“! Ова е директно и недвосмислено ограничување на правото на слободен говор и тоа за уметничко дело кое дури и не е покажано јавно во целост.

Залудно ќе редам фрази затоа што знам дека немате ни срам ни перде, ниту сте пораснати во умот и снагата за да се носите со ситуацијата во која што сте. Не ви е гајле. Ви ја разбирам силата. Зад министерот и неговиот став очигледно е дека стои неговата партија, премиерот, владата и „меѓународната заедница“ кои прават сѐ во мојата земја да завладеат европски вредности и стандради! Среќна европска слобода на уметноста!

Патем, тврдам дека во филмот не се навредени никакви чувства на ниту еден народ затоа што на филм карактерите не се колективни-народи, туку индивидуалци со нивните ставови и постапки!

Ја повикувам и поддржувам Агенцијата за филм како независно тело да застане во одбрана на својата независност од политика и да се стави во заштита на филмот, филмаџиите и нивната творечка слобода!

Барам медиумите да застанат во одбрана на нашиот филм „Ругањето со Христос“ и правото на слободно изразување на идеи, мисли и ставови.

И, немојте да пишувате во инбокс закани, па после да ги бришете! Не ви се плашам воопшто! Прашајте сѐ што ве интересира, ќе ви одговорам. На крајот, цивилизирано е да купите билет, да отидете во кино и да не се согласувате со ништо со тоа што ќе го видите на платното. И, се разбира, доколку мислите така, јавно да дебатирате за сѐ, без да ми се заканувате со разни УЧК-искуства и принципи!

Среќна слобода! Ви посакувам да владеете толку долго колку што ќе биде доволно еден цел живот да се срамите од ова!“
 
Последно уредено:
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Незнам во кој век живееме, во која т.н. "европска" држава. Ваков живот дојде, дури филмови да цензурираат. Ова е втор филм кој се обидуваат да го цензурираат и пак е причината тоа што лошо се претставувале Албанците. Вистината боли. Не верувам дека постои правна можност да го забранат и дека ќе се осмелат. И тој закон што го најавуваат е против устав и меѓународни конвенции, такви закони може во муслиманските земји (Турција, Арабија...) или диктаторски земји (Северна Кореја, Кина...) а не во држава која се стреми за ЕУ. Пак ќе повторам не навлегувам во квалитет. Ако имало малверзација си има органи за тоа. Дека во време на ВМРО се одобрија и финансираа срања, историски филмови со лажна подлога и секаква пропаганда тоа е точно.
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Кога ќе станат албанците луѓе тогаш можеби ќе се сними филм во кој тие не се негативци. Ама тешко тоа да се случи, застанале они со еволуцијата. Диво племе, клето.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
MAKING OFF - прва македонска еротска комедија
деновиве го има на репертоар во Синеплекс а има и бесплатна проекција во Кинотека вечерва. Многу веројатно се работи за лош филм. Нешто слично на Ах, љубов моја и Збор ќе биде во квалитет. Од трејлерот се гледа дека задња класа глумци има. Сепак треба да го гледам цел за да можам подробно да коментирам.

Имаат и добра веб страна http://www.makingoff.mk/, трејлер https://www.youtube.com/watch?v=W0CHwXynwUA
 

Kajgana Shop

На врв Bottom