Мое досегашно искуство со Хамачиевци и остали дилери на тие мотори е дека сите доаѓале по малку каросериски оштетени при транспорт. Стално има некоја пластика што не лежи кај што треба, или е набиена, или малку пукната. Мене ми набутаа нов скутер 250цц со мала пукнатина на ветробран која не ја видов во моментот (инаку скутерот беше супер и уште го возам), туку дури после ден-два кога го регистрирав и развозев моторот. Нормално, касно беше да одам да се расправам а и кој ми е крив кога не сум гледал кога требало... И јебига, убаво е кажано: за толку пари - толку музика.
Гледај го убаво моторот механичките делови (околу шалтерот за брзини, кочници, дискови, ланец, ѕвезди, тркала) да не се оштетени при транспорт. Ако е пластика скршена - ништо страшно. За добра цена да го земеш, се исплати за ситна пара да го залепиш со некоја убава карбонска фолија или слично на тие пластики што се оштетени или да ги санираш и офарбаш ти.