Се согласувам со Донев... нема живот во Манчестер Јунајтед. Шо, Марсиал, Рашфорд, Погба... далеку се од нивото на кое требаше да бидат. Валенсија, Матич, Јанг ќе одат само надолу, за жал најдоброто од нивните кариери помина. Лукаку е добар, ама сам не може ништо, му требаат играчи кои ќе го хранат со топки, тој е егзекутор, не е некој што сам ќе носи на грб цел тим. Тука се и просеците Лингард, Ерера... потпросеците Смолинг, Џонс, Линделоф... вечно повредениот Бејли и на крај мизерниот Мурињо. И Фергусон би имал потешкотии да го направи овој тим шампион, посебно во ваква конкуренција. За ова говедо не се ни надевам веќе... се погоре од 4 место е бонус.
Да сумирам, огромен песимист сум за следнава сезона, како никогаш до сега. Мислам дека Сити ќе издоминира пак.