Најнова шпекулација е Димитри Пајет.
Се тоа супер, ама where've you been?

Јас уствари се логирав само за едно добредојде назад од sabbatical-от да ти посакам.
А за да не бидам офтопик, ќе кажам само дека опциите за десен бек не нудат многу ентузијазам. Ја лично не сум голем фан ни на Флоренци. Многу стандарден, во ништо специјален играч. Иако, ме изненадува што играч како Дармијан е воопшто сметан како опција.[DOUBLEPOST=1531165276][/DOUBLEPOST]
@loophole , со Лацио каде шо никој немојт да ме убедит дека имаме НАЈМАЛЦЕ рамноправен тим против нив, Спалети се изгуби цела утакмица, немаше човек на планетава шо се надеваше дека Интер ќе победи после првото полувреме како шо го изиграја. Се деси то шо се деси сега сме во ЛШ со тон среќа и ето не сакаш да го избркет заради то шо обезбедил пласман во ЛШ, ама Спалети со ништо не е заслужен за победата во Рим. Само глупавоста на Де Вриј и Лулич, и то шо го имаме Икарди. Е сега ако бевме во ЛЕ, пак ќе пишеше дека треба да остани Спалети?
И тоа шо го ставаше Сантон, пишиш ко мала работа да е, да не претерам ама Спалети шо имаше фетиш на Сантон, заради него изгубивме 5-6бода. Мала работа е тоа тренерот на својот тим, да им одземе 5-6 бода чисти. Ја гледав утакмицата со Јуве со Интераши и сите буквално рекоа ево ја еба овде Спалети. И не само ние, сите шо го гледале тро Сантон знаат дека е дрво дрвосано, ама зато Големиот Гранде Спалети (тој шо треба најповеќе да знае за играчите), сакаше да ни "докажит" дека гледа нешто во Сантон, и се деси тоа шо се деси со Јуве. Убо имаше напишано и стеф после утакмицата, "со кое лице бе утре ќе го видит Икарди и шо ќе му речит, згрешив братт то еееe".
И то ова се дешават ПОСЛЕ грешките на Сантон против Рома и Удинезе и катострафалната сезона(кариера?) шо ја има Сантон. Ај да разберев да му беше првпат ова на Сантон, па да го кривиме играчот, ама не, Спалети сакаше да докажит којзнае што, ќе ја испосереше цела сезона начисто и ги изгуби сите кредити кај мене.
Исто и пиша "
Во натпреварите каде губеа бодови, тимот создаваше шанси"
wat??????????????????????????????????????????????
Аталанта 0-0 гости, еден зицер на Перишич, друго ево не ми текнува
Торино 1-0, Перишич статива, катастрофа игра
Интер 2-0 Беневенто, катастрофа цела утакмица беше, срам
Џеноа 2-0 Интер, Пандев беше Меси за сите играчи на Интер, еднаш ако шутнавме на гол.
Интер - Кротоне, 1-0 за Интер прво, и место да одет на уште еден гол, тие се бранат дома од факинг Кротоне и нормално 1-1
Спал 1-1 Интер,



немаа ни шанси овде Интер, овие сами си дадоа гол никаков и после чудо беше и како не изгубивме утакмицава.
Интер 0 - 0 Порденоне, требит коментар нешо овде?
Интер 1-3 Удинезе, првото полувреме ги убивме на чисто овие и заради нормално Сантон и пеналот, па после второто се изгубија сите играчи од Интер. Кој е крив шо се изгубија сите играчи второ и шо незнае да мотивира или да смени тактика кога не оди?
Да не ти пишам и за другиве тие ми текват во моментов, нормално си имаат играчите своја вина за дел од игрите, како шо кажа Едер кој е изгубен во свемирот (и баш тогаш ко почна да игра Едер, а се повреди Икарди, имавме 2 месеци без победа), а го продадоја Јоветич за кило семки на Монако, Јоветич кој најверојатно ќе останеше и на клупа, тука ги кривам Кинезиве. Не вервам Спалети да е толку забеган да мислел Едер > Јоветич, пред сезона. Перишич шо заборави фудбал да играт втора сезона (со исклучок на неколку утакмици), а Кандрева, шо да пишам за чоеков, очај е целион, жал да ти паднит само ко ќе го видиш во она фацана.
Како и да е, со Спалети следната сезона искрено и јас очекувам да е подобро (малце затоа шо ќе му е втора година, па можеби ќе си поправи некои "грешки", а многу инаетчија ми изгледат и преголемо его чоеков, ама ајде ќе видиме) со нови играчи, ама "никош" немат да освојме со Спалети скудето, не зеде со Рома, нема да земи ниту со Интер, без разлика какви трансфери во иднина направиле Интер.
Кога сум веќе тука, да не бидам уличар и да ти одговорам. Иако, муабетот од пред неколку еони и морав да читам што сум напишал претходно, за да знам за што правиме муабет.
Прво, дали ако не се пласираа во ЛШ, ќе кажев дека треба да остане Спалети? Да, зошто според тоа што јас го видов во текот на сезоната, од аспект на играта на тимот, он својот дел од работата си го заврши добро. Тоа значи дека, според мене, не би бил он проблемот за финалната позиција на Интер. Еве, со една хипотетичка ситуација да објаснам на што мислам кога викам дека не е он проблемот. Колку тренери според тебе би имале подобри резултати со овој тим што него му беше на располагање, односно копку тренери би имале повеќе од 72 поени на крај на сезона? Гвардиола, Мурињо, Симеоне, Клоп, Алегри можеби би имале 5-6 бода плус и би биле израмнети со Рома, ама веруваш дека било кој од овие тренери би имал 85+ бодови, или би бил во трка за титула? Види, за да можеш во една организација да ја идентификуваш причината, зошто резултатите ти отстапуваат од замисленото, мора јасно да ја разграничиш одговорноста на секој елемент од организацијата. Што е одговорност на спортски директор, што е на тренер, што е на играчи. Во спротивно, сите ќе ја префрлаат одговорноста за проблемите на најслабата алка. Кога станува збор за проблемите во оваа сезона на Интер, јас мислам дека одговорноста најмногу отпаѓа на некои од играчите, после на спортскиот директор и на крај минимален дел на тренерот. Кога тие би си ја завршиле работата како што се очекувало од нив, Интер би ги имал тие 4-5 бода плус на крај и би бил комотно во ЛШ, што според мене е максимумот за овој тим. Подобар тренер од Спалети би нашол начин како да ги добие тие плус поени и покрај потфрлањето на некои играчи, ама Интер како клуб не може да ги привлече тие неколку тренери, зошто се бројат на прсти. Според тоа нема причина да го менуваш Спалети и кога хипотетички не би се пласирал во ЛШ.
Тон среќа имал Спалети. Чисто ме интересира како дефинираш среќа во натпревар? Пример, среќа е Марушич да ја лупне топката недефинирано, таа да се одбие од главата на Перишич и да заврши во спротивната страна од местото каде Ханданович стои на голот? Пресингот пред да ја освојат топката што отиде накај Икарди, пред Де Вриј да го направи фаулот (што и не беше некоја грешка, закасни за влакно), е среќно самоорганизирање на тимот во моментот? Со среќа можеш секој резултат да го објасниш, затоа и не е некое објаснување. Имале и противници на Интер среќа, имал и он. Двата тренери си ги направија потезите, играчите изиграа, резултатот беше таков како што беше. Гледано во целина, среќата и судиските грешки се нивелираат за сите тимови во текот на една сезона, затоа гледај ја комплетната слика.
Слично е и за муабетот за Сантон. Играњето на Сантон е грешка и губењето на бодови ради него е грешка. Ама кога анализираш каков е ефектот на работата на Спалети врз тимот, треба да ги земаш сите фактори во предвид. Како на пример, кои биле другите опции за таа позиција (гледаме дека Сантон по брза постапка е продаден, што значи свесни се сите кој му е квалитетот) или што он придонел за резултатите на тимот. Колку бодови донел со своја работа, не само колку изгубил. Играта на Икарди, Брозович, Кансело, одбранбената двојка, адаптацијата на Рафиња во тимот, кревањето на тимот од падот што им се случува секоја полусезона, пресингот, офанзивните, дефанзивните движења на тимот, па дури и измени кои ги погодил, има он во нешто придонесено сезонава, или не? Ја мислам дека придонесот му е поголем од грешките, и тоа се гледа во бројот на бодови и позицијата на крај, во споредба со лани. Ја споменуваш измената на Сантон со Јувентус, има Спалети некаква заслуга за поставеноста и пресингот што ги изигра тимот во второ полувреме на Јувентус и пресвртот со играч помалце, против најдобриот тим во Италија, трениран од еден од тактички најспремните тренери во свет? Не е фер да му се води сметка само за грешките, а не и заслугите, зошто тоа е веќе bias не е издржан став.
За створените шанси. Еве, ако не ти текнува конкретно, изгледај ги хајлајтсите од натпреварот со Аталанта, Торино, Милан, Рома вториот, двата со Сасуоло,Удинезе и види што промашуват Перишич и Кандрева на тие натпревари. И спореди со реализацијата во такви ситуации на играчите кои конкурентите на Интер ги имале на тие позиции. Перишич, пак имаше горе-доле добра сезона, ама Кандрева беше ужасен. Катастрофа.
Дали со Спалети може или неможе да се освои титула, не знам. Ама фер да се има во предвид дека во Италија никогаш и немал тим за титула на располагање. И кога му беше конкурент Интер и сега Јувентус, неговата Рома имаше далеку послаб тим. Ако има тим што е доволен за титула, ќе видиме како ќе се однесува. Периодот во Русија го оставам на страна, други лига, други околности. Ако го доработат добро трансфер периодот, може и ќе бидеме во ситуација да видиме и следната година или годината после тоа. Да бидам јасен, не мислам дека Спалети е еден од најдобрите тренери на светот, свесен сум кои му се недостатоците. Има лош in-game management, прави грешки со измени некогаш, не ротира доволно, ама има и доста квалитети кои тука му се потценуваат. Одличен систем-тренер е, има многу големо тактичко разбирање и знае да се адаптира на противниците и она што е најбитно, според мене, е еден од најдобрите во тренирањето на оние basics во фудбалот. Затоа ги подобрува најголем дел од играчите што ги тренира. Одличен е во тоа што го викаат, “технички“ дел од неговата работа, менаџирањето му е поголем проблем. А ја мислам дека баш таков тренер му треба на Интер во моментов и во следните 2-3 години. Некој кој ќе работи со јадрото на тимот, ќе постави некаква структура и стабилност во системот на игра и во методите. Така се создава фудбалска култура во клубот и така созреваат играчи, после кога ќе стигнеш до некое ниво, лесно е од таква основа да земеш тренер за титули или да го пополнуваш тимот со ѕвезди. Тоа е најбрз и најдобар пат за еден клуб да напредува.
Kaкви ? Зашто имаше најави дека одредени области ќе имаат рестрикции ама контролирани, односно ќе може да се инвестира и на страна, али со одредени ограничувања.
@loophole беше у тек со ваквите работи, он ако знае може добро да објасни.
Нема ништо ново. Освен што сега имаат поставено јасна регулаторна рамка, наместо “препораки“ како порано. Контролата на капитал останува во догледно време, особено сега кога се во дефакто трговска војна, иако според тоа што медиумите го пишуваат валутата им е многу постабилна од порано. Како и да е, нема да имаат отворен вентил како тие неколку претходни години, ама предвидувањата се дека со тек на време инвестициите од Кина ќе растат, откако прашината ќе спадне. И онака претпазливоста во тој период лани беше повеќе поради “политички сензитивниот момент“ и стравот од негативен публицитет, отколку ради нешто друго. Кинеските богаташи се како сите други богаташи, ќе најдат начин да ги изнесат парите надвор.
Иако, ништо од ова нема врска со Интер, рестрикциите се за инвестиции во equity, колку што ја знам, а Интер е веќе купен. Веројатно не им прави многу разлика за тоа што им е стратегија на овие Сунинг, зошто во спротивно немале воопшто да го купуваат клубот. Не верувам ни секунда дека биле изненадени од овие мерки. И да не ги воведеше кинеската влада, не верувам дека ќе правеа докапитализација секоја година, односно да пумпаат пари неограничено. Во секој случај, мислам дека секако планирале да тераат како и сега, финансирање преку спонзорства, што е добра опција за Интер. Претпоставувам дека планот им е да го направат клубот мал vehicle за пробив на нив самите и на други кинески компании на европскиот пазар. Официјално преку маркетинг, неофицијално еден од каналите низ кои ќе тече капиталот, а тоа не е лошо за Интер. Неразумно е да се очекува дека некој ќе фрла 200-300 милиони во бунар секоја година од чиста мира.