- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.807
- Поени од реакции
- 33.635
За мене ова беше најголемо изненадување меѓу сериите годинава. Дури и изненадувањето беше уште поголемо кога пребарувањето низ форумов не најде резултати. Се работи за американската серија The Handmaid's Tale, креирана од Брус Милер, а нарачана и емитувана на Hulu. Направена е според истоимениот роман на канадската писателка Маргарет Атвуд (кај нас: Приказната на робинката, Бегемот, 2016), објавен во 1985. Премиерата на првите три епизоди била на Hulu на 26 април 2017, а во мај е обновена за втора сезона.
Дејството се случува во блиска иднина, каде, поради загаденоста на Земјата, процентот на плодност кај луѓето се намалува енормно. Во некои држави не се родиле деца со години. Група на луѓе, христијански фанатици вршат државен удар во САД, по кој формираат теократска, тоталитарна влада - „Гилеад“. Властите креираат нови социјални класи во кои жените се брутално потчинети, и принудени да ги работат само оние работи за кои Бог ги создал, не смеат да читаат, пишуваат, донесуваат одлуки, не смеат да управуваат со пари и било каков имот, и сл. А поради екстремно-фундаменталистичка интерпретација на дел од Библијата, на група на жени, наречени handmaids, кои се уште можат да раѓаат, им е доделена улогата тоа и да го прават - третирани како стока за прилод, еднаш месечно се силувани од командантите на Гилеад, со цел да им родат деца ним и на нивните јалови жени...
Улогите се на Елизабет Мос, Џозеф Фајнс, Ивон Страховски, Макс Мингела и др. Глумата е маестрална, со многу пофалби од критиката, како и генерално, за целата серија. Серијата е номинирана во 11 категории за овогодинешните Еми награди, меѓу кои и главната - за најдобра драмска серија. Верувам дека би била апсолутен хит кај приврзаниците на феминизмот, но приказната е доволно fucked-up за да допре до било кого. Јас, на пример, сум восхитен од неа, а верувам дека и многу од вас би биле. Затоа наискрено ви ја препорачувам и сметам дека заслужува да има своја тема. Симнувајте, веднаш!
Under His eye!