The Handmaid's Tale

Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Претпоставувам, 1ва и 2ра беа во Април излезени па по таа логика одам. Немаат официјална најава
Не им е толку биден датумот стриктно, Хулу е стриминг сервис, не е телевизија иако ги даваат епизодите на неделна база, ако случајно Гаме оф тронес се емитува во Април, веројатно ќе ја поместат серијата на лето но не прекасно за да влезат во конкуренција за Еми наградите.
 
Член од
16 јули 2017
Мислења
57
Поени од реакции
296
Проблемот со дистопични серии е што мораш да пробаш да го извадиш ликот од дистопијата, а ако го извадиш веќе немаш серија.
Три пати досега сезонава имаше шанса да избега. Ама ако избега, како што кажав, ќе немаше серија. Handmaid's tale е во Гилеад, а не во Канада. Ако избега и проба да си го спаси семејството ќе биде серија на CW, а не на Хулу.
А ако не избега, ќе гледаме патетики како тоа она пробува да избега, ама нешто ја спречува.
И така до седма сезона.
Затоа дистопични ствари е фино да завршат после прва сезона и Handmaid's tale за мене заврши во моментот кога Офред влезе во камионот на финалето од прва сезона.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.767
Поени од реакции
33.509
Не ми е за жалење ич, али сепак ми падна криво за Серена. Тек сега ќе почне да ја мава реалноста уште повеќе. Али ако, нека си трпи и она малце, со тие нејзините глупости ги врати жените во среден век.
Не се согласувам за Серена, мене баш ми е жал за неа. Јас ја сместувам дури и на исто ниво со Емили, во некоја мера. На жената која беше толку силна, држеше толку говори, беше супериорна во однос на Фред, и ги зедоа сите работи кои ги сакаше: прво, ја направија немоќна и безгласна, потоа и пукаа во стомакот и ја направија јалова, а толку сака да има дете. Таа затоа глумеше толку покорна сопруга - во Гилеад виде шанса да го добие детето кое инаку не може да го има. Еве, и во финалево се виде колку е она позитивен лик. Само да не се исплаши сега уште повеќе, по отсекувањето на прстот, па во трета сезона да глуми уште попокорна сопруга, што не верувам. Убеден сум дека сега ќе се здружи со робинките и мартите за да избегаат од Гилеад, или барем да ја подобрат позицијата на жената таму.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Не се согласувам за Серена, мене баш ми е жал за неа. Јас ја сместувам дури и на исто ниво со Емили, во некоја мера. На жената која беше толку силна, држеше толку говори, беше супериорна во однос на Фред, и ги зедоа сите работи кои ги сакаше: прво, ја направија немоќна и безгласна, потоа и пукаа во стомакот и ја направија јалова, а толку сака да има дете. Таа затоа глумеше толку покорна сопруга - во Гилеад виде шанса да го добие детето кое инаку не може да го има. Еве, и во финалево се виде колку е она позитивен лик. Само да не се исплаши сега уште повеќе, по отсекувањето на прстот, па во трета сезона да глуми уште попокорна сопруга, што не верувам. Убеден сум дека сега ќе се здружи со робинките и мартите за да избегаат од Гилеад, или барем да ја подобрат позицијата на жената таму.
Не е на исто ниво со робинкиве, никогаш не би ја ставила во тој кош, не ја силуваат нејзе секој месец.
Жената сакала нешто, и да не го замислувала Гилеад вака, била една од неговите создавачи и за тоа никогаш нема да ми е многу гајле за неа. Едино ја жалам што укапира тек сега дека е уствари предадена од маж и, е за тоа да ја жалиме, за другово нека си го жнее посеаното.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Ја гледа ли уште некој?
Имав заостанато со 4-5 епизоди и ги изгледав наеднаш за да не ми стојат. И со втора сезона стоев на тоа дека требаше да завршат со таму кајшто завршува книгата и да не тераат бизниси. Со третава сезона дотолку ја отупеа веќе, што адутот на мизерија више не пали и сите тие моменти што ме дирнуваа и нервираа сега се веќе whatever.
Се надевав дека со третава ќе им текне да ја завршат некако асално и да не ја тегават веќе, али не, прочитав дека серијава е обновена и за четврта сезона. :D
Најверојатно ќе прочитам како ќе заврши кога ќе и дојде крајот, ако ме занима дотогаш здравје, али ги догледувам уште последниве три епизоди од третава сезона и ја баталувам.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.767
Поени од реакции
33.509
Последниве две епизоди беа благ ужас! Дојдов до тој степен да навивам да фрлат една атомска бомба врз Гилеад и се да ојде у курац!
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Иако уште неснимена и непочната четврта сезона, серијава добива зелено светло и за петта. :LOL:

Мене ми направија услуга, се двоумев, али уште минимум две сезони не планирам да се измачувам.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.767
Поени од реакции
33.509
Никој ништо не спомнува за серијава, веројатно сите се откажаа. Јас конечно ја догледав четвртата сезона, започната уште кога излезе, лани, и морам да кажам дека се придвижи од мртва точка и вртење во круг. Особено последните неколку епизоди - врв! Се надевам, а и по се изгледа така ќе е, дека петтата сезона ќе биде последна.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Ги завршив сите 5 сезони. И не знам како стигнаа од такви заплети до целосна монотонија на епизодите. Фантастични први две сезони ништо налик ова досега не сум гледала.
Чекам 6та сезона да окончаат веќе со некаков крај но официјален датум уште не видов дека имаат.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.767
Поени од реакции
33.509
По хаотичната четврта сезона ја имав баталено серијава, но обично мразам кога оставам работи недовршени, па последните 3 дена ја изгледав петта. Мислам дека е една од најдобрите сезони од серијата од почетокот до денес! Многу убаво ми легна, се надевам ќе остане на тоа ниво и следната, а ветува, по сцената со Џун и Серена во возот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom