The Handmaid's Tale

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Ја завршив.
Многу бавно почна сезонава, до 4та епизода ништо не се случуваше, освен подготовките. Дури во 7-9 епизода се сетија дека е крај и треба да се активираат, па набутаа се во три епизоди.
Кинематографски - врв. Многу убаво изгледаше се. Во поглед на снимање ми сметаше само постојаното зумирање на Џун како цмиздри и тажната и фаца.
9та епизода беше многу добра. Ама севкупно, ја усраа серијата. Зошто? Чекаш 6 сезони за ослбодување, за бунт, за акција. Го решија во 5 минути. Спасувањето на Џун од бесилка и напдот на авионите. Следна сцена - фридом. Епа глупо беше. На крај го убија и мојот омилен лик, Лоренс. Заради него ми беше интересна серијата, каков карактер!
Прочитав дека и во книгите нема реунион меѓу Џун и Хана. Добро е, нема да има уште една сезона.
Како што кажав во предниот пост - првите сезони се врв и можат да се мерат со најдобрите серии. Падна нивото подоцна, нешто со што најдобрите серии не се одликуваат.

А и да додадам - Серена лепотице :love:. Особено на крајот, со спуштената коса.
 
9та епизода беше многу добра. Ама севкупно, ја усраа серијата. Зошто? Чекаш 6 сезони за ослбодување, за бунт, за акција. Го решија во 5 минути. Спасувањето на Џун од бесилка и напдот на авионите. Следна сцена - фридом. Епа глупо беше. На крај го убија и мојот омилен лик, Лоренс. Заради него ми беше интересна серијата, каков карактер!
Ова ^^ И плус - од почеток се мачеа не знам колку сезони некако да успеат да избегаат од Бостон во Канада, за во последна сезона да си се шетаат на релација Канада - Бостон - Канада кој стигне и како стигне, без никакви проблеми.
Прочитав дека и во книгите нема реунион меѓу Џун и Хана. Добро е, нема да има уште една сезона.
Ја немам читано книгата, ама јас ко што знам, истата завршува со крајот на првата сезона. Од тука натаму се е оригинален материјал. Е сеа знам дека Атвуд објави некоеси своевисно продолжение, ако не се лажам Бегемот го преведе и тоа на македонски, ама не сум сигурен дали од него црпеле материјал во подоцнежните сезони или стварно се беше оригинално.
 
IMG_4276.jpeg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom