Ај сега вака. Немав ни намера денеска да се оклучувам, ама не ми се спие нешто и откако (колку толку) ми се излади главата да искоментирам нешто.
Секако од крајот ќе почнам. Јас го разбирам револтот на сите, играчите, фановите, неутралците, кој ли не. Пенал во продолжение за испаѓање е крајно болна работа. Е сега ние може да ги почнеме дебатите и да одиме до недоглед со филозофии дека судијата треба да има сенс за утакмицата, да не суди само технички, дека играчите треба да бидат чесни и не треба да гледат да го извадат максимумот од секоја ситуација и така натаму. Ама знаете каде ќе стигнеме со сето тоа?
АПСОЛУТНО НИКАДЕ.
Едноставно е. Настанот беше на само 1-2 метри од голот.(еден битен факт) Васкез беше позициониран пред Бенатија (друга многу битна работа). Васкез осети присуство зад него и знаејќи дека се наоѓа во поповолна состојба се намести за да изнуди контакт. Контактот дојде, можеби не се јак интензитет ама доволно за да падне овој. Во ваква ситуација никој не може да го обвини судијата што технички досуди пенал. Гледајќи изолирано на настанот, според мене судијата имаше право. Пак моја гледна точка, ваков ист настан да се случи на 10-15 метри од голот и со играчи измеѓу настанот и голот мислам дека судијата (за било која екипа) нема ни да помисли да свирне нешто.
Е сега натаму може да развиваме еден тон теории. Една од нив е дилемата на
@ЧЕНТО односно дали во иста ситуација на другата страна(или генерално гледано против Реал па и Барса) судијата ќе досудеше исто? Ова е пак филозофска тема, со многу осцилации на која не треба да се губи време. Знам дека во осмина финалето на 2-0 за Барса против Челзи, Пике направи пенал (пак ваков со мал контакт, убаво изнуден, ама сепак пенал) кој згора на се спречуваше и чиста шанса за гол, ама Скомина одмавна со раката имајќи го во себе најголемото убедување дека е во право што не го досуди, инаку технички и според правилата гледано чист пенал. Многу лизгав терен е перспективата во фудбалот, односно против кого и што треба да се свирне.
Инаку интераши и миланези која брука сте. Ај ние да ви критикуваме, ама фанови на Арсенал, Барса, Реал и сите други ви велат дека сте очајни, срамни, одете жими се закопајте се некаде
Двојните стандарди денеска ви го допреа врвот. Некни за пеналот над Игуаин против Беневенто велите дека нема пенал бидејќи Игуаин ја наместил ногата да го удрат и прелесно паднал. Денеска Васкез прелесно паѓа, делите морал чист пенал, не знам што и како. Одлучете се или така или вака. На овој начин џабе ви е се.