пеналот беше изнуден, пред време почна да паѓа и да се мести играчот, минимален контакт и се сруши. добар и авторитативен судија ова не му го суди на никоја екипа.
е сега судијата наместо да е неутрален, подлегна на притисокот.
ДА, според правилата тоа е пенал бидејќи има контакт, НО контактот е изнуден...
јас како фан на јувентус го памтам Филипо Инзаги (и многу пред него) кој направи кариера и во јуве и во милан (особено со миланезите) БАШ со вакви изнудени пенали и стартови врз него. Чепни го ќе падни.
Е дали тоа треба да го судиш во надополнување, особено што знаеш дека ќе го реши натпреварот во 99% и дека е изнуден, не знам. Јас мислам дека не.
Во секој случај стои она дека „судиската е последна“, но ретки се тие судии што би правеле вакви глупости. Најблаго кажано е дека одлуката е дискутабилна, а кога гледаш од навивачка перспектива ти или било кој друг не го признавате тоа.