Тргнете си од себе....Колку впечаток ви оставила некоја книга од тој период(основно)?
И дали сте имале желба да ги читате тие книги?
Јас,НЕ!
P.S.
Робинзон Крусо- ко за дете,филмот ми беше "онака"-нешто што не би го гледал по вторпат!
Не може за ваква тема да се тргне од самиот себе. Никаде нема да завршиме. Потребни се мислења од повеќе аспекти, неопходно е да се добијат недвосмислени информации за тоа што децата од одредена возраст може и треба да го читаат, а што не. Секако со акцент на квалитетот. Еве спротивно од тебе, има лектири од основно на кои до ден денеска се сеќавам на суштината и содржината иако сум ги читал пред 10тина години.
Јас мислам дека ништо не правиме ако одредени книги се тргнат настрана затоа што се (наводно секако) расистички, сексистички или не знам какви. Треба да се сфати дека книгите се пишувани во различно време, далеку од денешното и баш напротив добро е да се знаат животните прилики во различни периоди низ историјата. Ако е така, тогаш и историја да не се учи за робовладетелство, ропство или пак за фашизмот и Втората светска војна. Па цел народ бил убиван во гасни комори, што ќе предизвика тоа кај децата.
Ропството постоело, луѓето немале основни права поради боја на кожа, национална припадност, верска определба и така натаму. Сето тоа е вистина и нема поента да не се споменува, да не се учи или да се тргнуваат на страна книги кои можеби даваат некоја основна слика за таквите состојби во општеството.