Нови лектири за основно образование

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Исто така,книгите за Хари Потер не се за основци.
Ај аргументирај го и ова, те молам.

Туку да, ако мислиш дека Хајди е тешка за разбирање, тогаш Хари Потер на 99 години дури би ти била сфатлива. Хајди била тешка за разбирање. Сешто!
 
Што и фали бе на Волшебното самарче? :icon_mrgr:
 
Што и фали бе на Волшебното самарче? :icon_mrgr:
Па ако се прашувам јас, ништо, но антиквизацијата во државава си го направи своето, веројатно. Се што беше од тој период, беше анатемисано како комуњарско, а:
20180323_134047.jpg
 
Ај аргументирај го и ова, те молам.

Туку да, ако мислиш дека Хајди е тешка за разбирање, тогаш Хари Потер на 99 години дури би ти била сфатлива. Хајди била тешка за разбирање. Сешто!
Реков дека „Хајди“ е несфатлива,не дека е тешка за разбирање.Дете помало од 12-13 години и не може баш да „укопча“ што е поентата.
„Хари Потер“ се книги преполни со имагинации што можат да го оштетат младиот детски памет кој се уште е во развој.Ќе се збунат децата и ќе им биде тешко да разграничуваат меѓу фантазија и реалност.Пред неколку години имаше вест на странски вебсајт во која пишуваше дека деца се здобиле со тешки повреди откако се обидувале да ги направат работите опишани во книгите.
Книгите се опасни за мали деца.
 
Дури ни во британија не е прогласена книгата за расистичка, ти ќе ја прогласиш тука за таква:icon_lol:
Па нема бе, ти реков, готово, ме уби со аргументиве. Како дебатираш, човече![DOUBLEPOST=1521809478][/DOUBLEPOST]
Реков дека „Хајди“ е несфатлива,не дека е тешка за разбирање.
Чекај, чекај, како? Ај пак.
Screenshot_20180323-134821.jpg
„Хари Потер“ се книги преполни со имагинации што можат да го оштетат младиот детски памет кој се уште е во развој.Ќе се збунат децата и ќе им биде тешко да разграничуваат меѓу фантазија и реалност
:pos::pos::pos:
Книгите се опасни за мали деца.
Аууу, страшно! :facepalm:
 
Последно уредено:
Па нема бе, ти реков, готово, ме уби со аргументиве. Како дебатираш, човече!

Нема потреба да дебатирам за глупости, да не сакаш сега да напишат летири за децата за некој геј пар можда? За нивната невозможна љубов во времето на комунизмот и страшната опресија во тоа време.
 
Нема потреба да дебатирам за глупости,
Па што бараш во темава, тогаш. Седи си во филм и ТВ кај што си покомпетентен: имаш изгледано 2 филма. Годишно!
 
Последно уредено:
Па нема бе, ти реков, готово, ме уби со аргументиве. Како дебатираш, човече![DOUBLEPOST=1521809478][/DOUBLEPOST]
Чекај, чекај, како? Ај пак.
Прегледај го приврзокот 187776

:pos::pos::pos:

Аууу, страшно! :facepalm:
Нема вака да се смееш ако твоето дете прочита некоја од тие книги и потоа расцепи глава на улица или ако падне и скрши коски.Некои родители го допуштиле тоа,па плачеле.
 
А тек кога ќе ја прочитаат „Повик на дивината“ ќе тргне детето у северна Канада и ќе се замислува дека е куче, а кога ќе ја прочита „Робинзон Крусо“ не сакам ни да помислам што ќе му текне да прави.

Многу глупавост трпи форумов, ама ептен
 
кога сме кај расизам, ја памтам хаклбери фин како апла расистичка. не сум ја читал одамна ама имаше баајги црнци кој беа опишани буквално како идиоти.
 
Тргнете си од себе....Колку впечаток ви оставила некоја книга од тој период(основно)?

И дали сте имале желба да ги читате тие книги?

Јас,НЕ!

P.S.
Робинзон Крусо- ко за дете,филмот ми беше "онака"-нешто што не би го гледал по вторпат!:neetaka:
 
кога сме кај расизам, ја памтам хаклбери фин како апла расистичка. не сум ја читал одамна ама имаше баајги црнци кој беа опишани буквално како идиоти.
Исто е и за неа и Том Соер. Има купишта текстови кои ги етикетираат како расистички.

Исто, заборавив да спомнам уште 2 книги кои ги обожував како мал, а сега се тргнати од програмата, за жал: "Приказни по телефон" од Џани Родари и "Улавите години" од Бранко Чопиќ.
 
едино нешто со хари потер шо го гледам како мал проблем е тоа што има многу ликови но сепак нема многу дејствие со нив, туку само се врти околу 3 главни лика. другите карактери се мотаат наоколу и добиваат повеќе внимание во понатамошните делови.
 
Тргнете си од себе....Колку впечаток ви оставила некоја книга од тој период(основно)?

И дали сте имале желба да ги читате тие книги?

Јас,НЕ!

P.S.
Робинзон Крусо- ко за дете,филмот ми беше "онака"-нешто што не би го гледал по вторпат!:neetaka:
Не може за ваква тема да се тргне од самиот себе. Никаде нема да завршиме. Потребни се мислења од повеќе аспекти, неопходно е да се добијат недвосмислени информации за тоа што децата од одредена возраст може и треба да го читаат, а што не. Секако со акцент на квалитетот. Еве спротивно од тебе, има лектири од основно на кои до ден денеска се сеќавам на суштината и содржината иако сум ги читал пред 10тина години.

Јас мислам дека ништо не правиме ако одредени книги се тргнат настрана затоа што се (наводно секако) расистички, сексистички или не знам какви. Треба да се сфати дека книгите се пишувани во различно време, далеку од денешното и баш напротив добро е да се знаат животните прилики во различни периоди низ историјата. Ако е така, тогаш и историја да не се учи за робовладетелство, ропство или пак за фашизмот и Втората светска војна. Па цел народ бил убиван во гасни комори, што ќе предизвика тоа кај децата.

Ропството постоело, луѓето немале основни права поради боја на кожа, национална припадност, верска определба и така натаму. Сето тоа е вистина и нема поента да не се споменува, да не се учи или да се тргнуваат на страна книги кои можеби даваат некоја основна слика за таквите состојби во општеството.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom