Да не е премногу убава
Да не е премногу богата
Да има долга коса
Да биде женско а не од новокомпонираниве машкоданки јас можам да испијам 12 ракии повеќе од тебе и да избушам ѕид без бормашина
Да не е феминистка (или нека се пресели во Шведска и нека си прави дилдо парти)
Не дај Боже да има бицепс поголем од мојот
Да е воспитана во традиционален дух, а не ќорава пијана да се влече по улици а за пострашно и да не спомнувам
Да знае да процени кога што треба а кога не.
Да не ми игра со карти љубомора или снемување на неколку дена за да ми опипа пулс оти тек тогаш ќе биде интересното.
Став и изграден карактер и конзистентност а не денес те мразам оти врне дожд а утре те сакам затоа што го гледав Сексот и Градот, Ѓумуш, Пепелашка и тако даље.
Да има аверзија кон ексцентризам, испади, психотични напади и хистерии.
Да не ме масира со кај си?, со кого си?, зошто направи така а не вака?
Да ме масира со раце.
Да си знае дека должината на сукњата, длабочината на деколтето и навидум безопасниот флерт и те како укажуваат на многу работи и дека поголем идиотизам од правам како што сакам, тоа ништо не значи, и прифати ме каква сум, не може да им продава ни на гикови од амерички филмови.
Да има негативно мислење за рап музиката, и да има основен поим за разлика помеѓу Ник Кејв и Лејди Гага, Чехов и Госпоѓа Министерка, Кјубрик и Сексот и Градот.
По можност да не е склона кон ноќни забави и журки.
1300 пријатели на фејсбук многу кажува.
Да не контактира со бивши.
Да немала врска подолга од година дена.
И нормално да знае како да ме олабави колку год и да сум напнат.
Бре ама сум захтевен.