Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Што да ти објаснам ?

Ти си мислиш дека пост 75та (до 80та СССР веќе имаат дупло, можеби и тродупло поголем арсенал) дека работата е завршена. САД имаат супериорна авијација и морнарица + сојузници (со своја исто квлаитетна авијација и морнарица која носи такви оружја) кои се на секое ќоше од светот за разлика од СССР.

Да не зборувам за квалитетот или прецизностна на нивните нуклеарки (за разлика од СССР кој има Цар Бомба или такви сл. концепти).

За буџетот пак ич.
Разознавање и стратегија веќе е глупо, САД се супериорни.
Ако се супериорни, зошто ги губеа сите војни (Кореја, Виетнам, и т.н.) со далеку, далеку послаби противници? Ништо не добија од тие војни освен што си го испробаа оружјето и што оставија пустош?
Значи не е се во техниката и бројките.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.026
Поени од реакции
7.125
Американците не може да водат долги војни, нивната војска воопшто не е обучена да делува како окупатор, спротивно од Русите, тие баш се научени на водење на долги војни и окупирање на големи територии.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467
Митови, интересни факти:

... Херман Геринг - кој своевремено ветил дека "непријателски авиони никогаш нема да летаат над Рајхот", па поразот во битката за Британија, па неуспешниот воздушен мост за снабдување на 6-та германска армија заобиколена во Сталинград, како и бројни други воени порази, и сепак да го задржиш како врховен командант на авијацијата, секако дека ќе резултира со катастрофални последици.
...
Околу болдот:

Често ќе слушнеме како Хитлер бил на работ да попушти и да дозволи пробив на 6-тата армија, но Геринг се избацил со неговата "генијална" идеја за снабдување по воздушен пат. Тоа го споменуваат многу еминентни историчари, документарци, книги...

Но, најновите податоци велат дека тоа воопшто не било негова идеја.
Не било баш така, како што добиваме впечаток дека било.

Имено на советувањето во Бергхтсгаден на 20 ноември, (посветено на улогата на Луфтвафе во идните евентуални операции за одржување на позицијата во Сталинград или пробив на заокружувањето кое тогаш веќе било сосема веројатно), Геринг не ни бил присутен. Тој ден Геринг председавал на конференцијата за нафта што се одржувала на неговиот имот во Каринхол.
Хитлер кој нормално очекувал опсада, а кој бил жесток противник на отстапување, макар и тактичко, го прашал Јешонек - шефот на генералштабот на Луфтвафе, со оглед на тоа што Германците ги контролираат пистите за слетување надвор од градот, дали е возможно Луфтвафе краткорочно да ги снабдува силите во градот, додека Мајнштајн не ја пробие опсадата која тогаш се создавала.
Јешнок рекол дека тоа е возможно, со оглед на контролата на пистите.
После се јавил на Рихтхофен кој му рекол да не се будали, пошто тоа е невозможно. Јешонек се вратил кај Хитлер и му кажал дека се прерачунал и дека тоа е невозможно, али Хитлер веќе решил и скроз му одговарало да спие на розови облачиња кои се слагаат со неговите ставови (за неповлекување), па само кратко го откачил шефот на генералштабот на Луфтвафе.
После два дена (на 22-ри) кога Геринг се појавил во Бергхтсгаден Хитлер му ја презентирал генијалната идеја на која главниот улизица само се согласил, лажејќи дека Луфтвафе може тоа да го среди.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467

овие денови, 1945, Рајна (Зигфрид)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467
9-10 март 1945-та е спроведено најголемото бомбардирање во Втора светска Војна.
Тоа е бобардирањето на Токио со запаливи бомби - операција Митингхаус.
200.000 жртви за ден и пол бомбардирање
Бомбардирање со жртви и материјална штета поголеми од Хирошима и Нагасаки, али пошто не е атомска бомба никој не го спомиње.

тепсија - за ден и пол, два
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.977
Поени од реакции
12.404
9-10 март 1945-та е спроведено најголемото бомбардирање во Втора светска Војна.
Тоа е бобардирањето на Токио со запаливи бомби - операција Митингхаус.
200.000 жртви за ден и пол бомбардирање
Бомбардирање со жртви и материјална штета поголеми од Хирошима и Нагасаки, али пошто не е атомска бомба никој не го спомиње.

тепсија - за ден и пол, два
И како што може да се види од сликата, бетонските згради го имаат преживеано бомбардирањето, додека повеќето жртви на бомбардирањето со напалм биле традиционалните јапонски куќи направени од дрво и хартија.

Човек ќе си помисли дека Јапонците си научиле историска лекција од бомбардирањата со напалм, но големиот земјотрес во Кобе на 17 јануари 1995, чие што мнозинство жртви го сочинуваа традиционалните јапонски куќи направени од дрво и хартија, покажа и докажа на дело дека и после 50 години Јапонците сепак не извлекле поука за тоа како треба да ги градат куќите.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467
Не е за џабе тој начин на градење.
Ако сте биле у Јапан, колку и време да сте седеле ќе сте осетиле земјотрес.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Геноцид рамнен на холокаустот е сојузничкито бомбардирање на Германија и Јапонија, но победниците судат и пресудуваат.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.977
Поени од реакции
12.404
Геноцид рамнен на холокаустот е сојузничкито бомбардирање на Германија и Јапонија, но победниците судат и пресудуваат.
Ни малку не се сојузничките бомбардирања врз Нацистичка Германија и Јапонија рамни со Холокаустот.

За почеток, Германците и Јапонците имале подземни засолништа и пред се` биле слободни луѓе, можеле да бегаат, за разлика од Евреите кои биле лишени од слобода и држени под нишан опкружени со бодликава жица.

Понатаму, целта на сојузничките бомбардирања врз Нацистичка Германија и Јапонија била уништување на индустриската инфраструктура и деморализирање на населението.

И за крај, победниците не спроведоа конечно решение врз окупираните Германци и Јапонци после Втората Светска Војна.

Нацистичка Германија беше таа која ги бомбардираше Варшава, Ротердам, Лондон, Ковентри, Белград и бројни други градови, присилно депортираше милиони невини цивили во логори и во фабрики за да бидат искористувани како робови, Јапонија го правеше истото со својата инвазија на Кина и силувањето на жените во Нанкинг, изгладнување на воените заробеници со Батанскиот марш на смртта и бројни други злосторства. За споредба, единствено масовните апсења и депортирања на американските Јапонци во концентрациони логори во САД во 1942 година можат да се споредуваат со депортациите на цивилно население кои ги вршеа Нацистичка Германија и Јапонија.

Сојузниците од анти-фашистичката коалиција на Германците и Јапонците им дадоа да дегустираат само трошки од ужасите кои тие му ги нанесоа на човештвото - со исклучок на атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки, иако за волја на вистината, и Нацистичка Германија и Јапонија исто така имаа свои нуклеарни програми и сигурно без никакви двоумења ќе ги фрлеа нивните први атомски бомби врз американски, француски, британски и советски градови ако успееја први да развијат функционални атомски бомби пред САД.
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Ни цивилите во Германија и Јапонија баш немале многу можност за бегање иако не биле затворени со бодликава жица, кога имаш тепих-бомрадирање на цел град каде ќе бегаш, скривници доволно нема за сите.

Уништување на индустриска инфраструктура не се прави со бомбардирање на зони каде воопшто нема индустрија.

За сојузничките злосторства на терен доволно е да споменам за Црвената армија уште во првото влегување на германска територија во Источна Прусија и не треба повеќе.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.977
Поени од реакции
12.404
Ни цивилите во Германија и Јапонија баш немале многу можност за бегање иако не биле затворени со бодликава жица, кога имаш тепих-бомрадирање на цел град каде ќе бегаш, скривници доволно нема за сите.

Уништување на индустриска инфраструктура не се прави со бомбардирање на зони каде воопшто нема индустрија.

За сојузничките злосторства на терен доволно е да споменам за Црвената армија уште во првото влегување на германска територија во Источна Прусија и не треба повеќе.
Ако учествуваш на било каков начин во воената економија на завојувана држава, тогаш си завзел страна.

Едно е да правиш цивилна облека, а друго е да правиш униформи.

Едно е да готвиш во народна кујна за да ги нахраниш гладните бездомници, а друго е да готвиш за потребите на војска.

Едно е да лекуваш цивилно население, а друго е да лекуваш војници.

Едно е да правиш ловечки пушки и муниција за истите, а друго е да правиш автоматско огнено оружје и муниција за воени цели.

Едно е да правиш патнички автомобили, а друго е да правиш оклопни возила.

Следејќи ја ваквата логика, или си неутрален, или имаш завземено страна. Германците и Јапонците одлично знаеле што прават кога директно или индиректно ја помагале воената економија и воената индустрија во своите матични држави, а во такви околности, нема пишани правила дали невооружениот цивил е невин набљудувач или непријателски учесник. Ова до денешен ден важи, во спротивно немаше Мосул да биде ослободен од исламистичките ѓубриња од луѓе со масовни цивилни жртви.

Но сепак слободен цивил и цивил опкружен со бодликава жица и под нишан на огнено оружје дефинитивно не е исто, а слободниот цивил има поголеми шанси да избега и да преживее.

Црвената Армија си го има истото оправдание кое нацистите го имале со нивното прво влегување на советска територија на 22 јуни 1941 - Советскиот Сојуз не бил потписник на Женевската Конвенција од 1929 година, па како што нацистите ја искористиле оваа правна дупка за да ги остават советските воени заробеници да изгладнат до смрт, како и за да депортираат и истребат милиони невини советски граѓани, Црвената Армија им вратила на нацистите мило за драго - бидејќи нели, законски не биле обврзани да се` држат до правилата, условите и обврските кои произлегуваат од Женевската Конвенција.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.977
Поени од реакции
12.404
Е ова веќе може да се споредува со Холокаустот.

https://off.net.mk/vesti/razno/koga-kje-vidime-film-za-cherchil-monstruozniot-varvarin-so-krv-na-milioni-na-svoite-race

Кога ќе видиме филм за Черчил, монструозниот варварин со крв на милиони на своите раце?

11 Март 2018 - 19:06

Поглед од Индија:

Западната историја и поп култура го моделираат Винстон Черчил како генијален војсководец, вешт оратор и забавен љубител на добрата капка. Но, секое салутирање на неговиот лик и дело стои врз скелетите на барем три милиони луѓе кои Черчил ги носи на душа, потсетуваат Индијците.



„ Постојат херои кои имале свои мани, какви што се Линколн, Мартин Лутер Кинг, Ганди.... А постојат и монструми, моќни луѓе кои го раскинаа светот со трагедии. Адолф Хитлер, сигурно, но и неговиот непријател, Винстон Черчил, исто така “, пишува Шри Парадкар за The Star.

Таа упатува на фељтонот „Сеќавање на заборавениот холокауст на Индија“ во кој се документира Черчиловата улога во бенгалската глад во 1943 година која покоси околу три милиони луѓе.

Коренот на таа трагедија за историчарите недвосмислено води кон Винстон Черчил кој донесува одлука целата издашна жетва од Бенгал да се собере и да се носи во Британија. Кога локалците почнуваат да гладуваат, одбива да им прати храна. Одбива и да дозволи пренасочување на помошта од храна која доаѓа од Австралија. Одбива да дозволи 10.000 тони ориз од Канада да заврши во Индија, исто како што тоа не го дозволува и за 100.000 ориз понудени од САД.

„ Индијците сами се виновни за гладта бидејќи се котат како зајаци “, им вели Винстон Черчил на членовите на неговиот воен кабинет, тврди Парадкар.



Историчарката Мадхурсе Мукерџи која се има занимавано со оваа тема пишува дека родителите ги фрлале во реки своите прегладнети деца, а многумина сами си го одземале животот фрлајќи се под возови. И тоа се случува додека стотици илјади Индијци рамо до рамо се борат со Сојузниците.

Парадкар вели дека не може да се сокријат ни десетиците илјади Кенијци кои беа собрани во концентрациони логори наречени „Британски гулази“ во кои, по негова команда, биле мачени и убивани затоа што се побуниле против британскиот колонијализам. А не ги заборава ни партизаните во Грција и неговата улога во егзодусот, за што ние пишувавме во статијата „Како Черчил ги издаде грчките партизани и Егејците“.

Черчил обезбедува свое влијание врз тоа како историјата ќе го памети со неговата биографија во шест тома и прилично успева во тоа па денес Запад на него гледа како на генијален воен лидер, забавен пијаница и вешт говорник.



„ Би сакал да му салутирам на сер Винстон Черчил за неговото величествено друштво во она што може да се опише како неверојатно патување “, ќе рече Гери Олдман подигнувајќи го Оскарот за својата ролја во филмот за британскиот државник.

„ Салутирам. Сер. Величествено. Неверојатно. “, не може да се изначуди Шри Парадкар.

Бришењето на злосторствата на Винстон Черчил ги прави неговите жртви безначајни а нивните животи невредни за спомнување, сведувајќи ја нивната смрт на банална историска фуснота, пишува таа.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467
Испаѓа дека само Рузвелт е ОК лидер, од големите учесници.

Хитлер, Тоџо, Сталин, Мусолини, ЧангКајШек, Черчил - сите гомна.[DOUBLEPOST=1520857537][/DOUBLEPOST]Најсмртоносен кричр у Втора Светска е јапонскиот војник. Секој еден таков убивал по седум луѓе, у просек (што цивили, што војници).
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.977
Поени од реакции
12.404
Испаѓа дека само Рузвелт е ОК лидер, од големите учесници.

Хитлер, Тоџо, Сталин, Мусолини, ЧангКајШек, Черчил - сите гомна.
Франклин Делано Рузвелт ги депортирал во концентрациони логори сите Јапонци кои живееле во САД, односно биле американски државјани, после јапонскиот напад врз Перл Харбор на 7 декември 1941.

Ако е тоа твојата дефиниција за ОК лидер, тогаш ОК - твое ОК.

Јосиф Висарионович Сталин исто така депортирал илјадници Полјаци од Полска во Советскиот Сојуз за време на Втората Светска Војна, по логика на нештата, и тој би требал да биде ОК лидер. :D
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467
Франклин Делано Рузвелт ги депортирал во концентрациони логори сите Јапонци кои живееле во САД, односно биле американски државјани, после јапонскиот напад врз Перл Харбор на 7 декември 1941.

Ако е тоа твојата дефиниција за ОК лидер, тогаш ОК - твое ОК.

Јосиф Висарионович Сталин исто така депортирал илјадници Полјаци од Полска во Советскиот Сојуз за време на Втората Светска Војна, по логика на нештата, и тој би требал да биде ОК лидер. :D
ОК лидер во однос на останатите.

Одамна приметувам дека градација ти е непознат поим. На различни теми.

Колку американски Јапонци ги загубија своите животи во концентрационите логори во САД?
На колкумина тоа им се случи во сталиновите гулази?

Да го изедначуваш по злодела Рузвелт со лидери од типот на Сталин, Хитлер..., треба да си прилично неинформиран, како што некои се обидууваат да ги изедначат неделата на сојузниците со оние на Оската.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom