Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Ја пополнив.
Малку нефер од моја страна затоа што немам изгледано многу филмови од 2017, особено тие „поважните“ како Phantom Thread итн итн, па моите гласови не се нешто релевантни но ете тоа е, се обидов да направам склоп од тие што сум ги изгледал.
Плус, @Zlatikevichius не знам колку македонски филма излегоа во 2017, а пошо беше задолжително го пишав Исцелител. Иначе ќе го оставев празно тоа поле...
 
Исто и јас го пишав Исцелител бидејќи само тој го знам, ни го имам гледано ниту сум љубител на македонски филмови ама дека беше задолжително го пишав.
 
Плус, @Zlatikevichius не знам колку македонски филма излегоа во 2017
4 долгометражни играни: Ах љубов моја, Јавачи на коњи, Кога денот немаше име и Исцелител, и еден долгометражен документарен (веројатно имало и повеќе, но овој еден беше исклучителен) кој имаше повеќе кино проекции од пола од филмовите кои излегле последниве десетина години кај нас: Avec L'Amour. И него ќе го прифатиме во таа категорија.
 
Додека чекам да ми се симне Call Me By Your Name ми се отвори window да пишам за The Boss Baby. Се заебавам, Dark ја симнувам, ама повеќе за тоа во другиот подфорум, не дека вам ви менува нешто.
Сеедно. Бос Бејби го гледав исклучиво заради @dragonsky. Да не ми се свиѓаше ќе беше факинг драгонскај, ама вака само драгонскај. Не знам зошто толку хејт за филмов, ма да што и мене ми делуваше идиотски кога го даваа во Синеплекс, и тоа мноооогу многу месеци одеше таму и јас се чудев кој го глеа филмов за да зафаќа кино сали толку време. Ќе мора да се team up тука со двајцава Златковци, стварно беше филгуд филмов, и симпатичен и кјут, и се со ред. Малото кога стануваше legit бебе беше прекјут. Како имаше пишано некој од Златковците, приказната е малку на дрога, ама пресимпатичен ми беше тој поглед кон принова од очите на дете. Тим е едно од најреалистичните деца со најреалистичната приказна на светот. Дете што на секоја детска активност гледа како на авантура, па еднаш е шпион, еднаш е пират, еднаш е ова, еднаш е она, нема ништо подетско и пореално од имагинацијата на Тим. Тим е секое дете на светот. Кога го гледаш цртанот како интерпретација на 7годишно дете кон едно искуство што се нарекува добивање брат, филмот е многу relatable. Ич не ми беше чудно што Тим и неговата имагинација тоа искуство го доживеаа како закана, уште помалку чудно ми беше што бебето беше претставено онака како bossy човече, зашто пред се, бебињата се токму тоа, bossy човечиња што го апсорбираат целото време и внимание од мама и тато. Почна да забегува при крајот малку, со Вегас и сето тоа, ама all in all топ филмче беше. Ми се свиѓа идејата многу, и начинот како е пренесена. Rugrats го имаа ова истово обработено памтам, меѓутоа не со вака колоритен и визуелен пристап. Ова беше баш гледање на ситуацијава низ очите на older sibling и тоа многу симпатично направено. Видов дека се планира втор дел, па да биде барем половина од овој филм, ќе го сакам.
 
Последно уредено:
Wonder, wonder. :love::D

Многу добро филмче, може малце ќе претерам ама филмов односно приказната имаше потенцијал да стане новиот Човек слон, на крај многу обично изгледаше сето тоа иако има тежина. Греота детенцето.

Овен Вилсон, од целата таа багра на комедијанти овој ми е некако најкул ама џабе, не можам да влезам сериозно у филм со таков глумец. :icon_mrgr:

Мојот човек Џејкоб гази, со секоја нова улога покажува маестрален талент за глума, искрено се надевам дека нема да ја доживее судбината на Меколи Колкин и детето од Шесто сетило туку ќе тргне као Леонардо Ди Каприо. :roker:
 
Three bilboards outside Ebbing, Missouri. :zver:

Убиваа со кратките burn дијалози, феноменална глума особено од овој реднек глупиот полицаец.:cuc:

Enough. No more cunts in this house.
Why, you're moving out?

:pos:
 
Џонтра изгледа 2 филма за 70 дена и одма се претвори во Peter Travers,Owen Gleiberman и J. Hoberman...ако продолжи вака може и да му дадат целосна слобода да служи како надзор на имдб или може да му го купи на Jeff Bezos па да има целосно раководење со сајтот.Се плашам ако продужи вака да не ја поплави Кајгана од рецензи и критики можно е да дое до блокирање на серверите.
 
Icarus е одлична, сосема заслужен Оскар. Ја гледав и Abacus исто така е многу добра што не е изненадување бидејќи е од PBS.

Оваа година Оскарите беа очекувани и сосема заслужени.
 
#TeamAmyAdams #ТимЖенскиЛео

После Дикинс и Олдман од овие што уште активно бркаат оскари остана уште оваа да лапне оскар.

На крај на годинава ќе биде во:

-Филм базиран на вистински настан
-Филм во кој што е споредна улога (демек полесно се осваја таму..ма да шо знам)
-Филм режиран и напишан од добитник на оскар
-Филм за политичар (во 2018 ептен битна тема)
-Филм во кој што освен неа ќе има и 2 добитници на Оскар и еден номиниран

2019 е годината.

Вамос!
 
Уште една работа која никој не ја спомна за годинешните Оскари - The Post беше тешка пропаганда: филм за републикански претседател на САД и неговата конфронтација и закани кон новинарите од весник кој сака да објави тајни документи кои би му наштетиле на угледот. Познато ви е ова од некаде? Погодете кој републикански претседател на САД во моментов води војна со американското новинарство! :rolleyes:
 
Реално, кога видов дека дел Торо почнал некаков говор со "I was an immigrant here..." јасна е пораката што треба да се испрати од Холивуд до останатиот дел од светот. Нив и онака тоа ги интересира, затоа човекот добива оскар за еден од неговите послаби филмови за разлика од тие што ги правел претходно.

За Обликот на водата, сакав да напишам подолго мислење но не стигнав: филмот е жално колку е потрошен за џабе во идејата, значи се нервирам кога некој има многу јака идеја но сака да се расплине на илјада теми и да му пропадне првичното. (таков е случајот и со Трите билборди)
Ништо ново и невидено, не знам зошто се крена толкава фама и тоа „оскаровска фама“ за филм кој во никој случај не би го доживеал како „оскар материјал“ кој претендира да стане безвремен. Гилермо Дел Торо секогаш игра на онаа карта дека многу емотивно ги сфаќа филмовите, па како демек ќе се откажел од правење ако неговите проекти не успевале, итн итн и во последно време ја придоби и онаа фан база на марвел филмчиња на кои ова ќе им биде одличен филм, ни ваму ни таму е, ниту доволно уметнички, ниту доволно блокбастер.

Филмов е типичен пример за тоа колку една добра идеја не е доволна, колку приказната како приказна не е доволна туку (ова е клише) најважно е како е раскажана. За жал, раскажувањето во Shape of the water е луда смеса од клишеа, стереотипни ликови, слаб дијалог, дупки во сценариото (на кои може да се замижи ако го прифатиме бајковидниот свет на филмот).
Конкретно: - не може бе на Мајкл Шенон да му ги даваш најглупите реплики на светот, онака туѓ срам да те јаде додека си крцка со забите константно или кога треба да изнесе некоја реплика како 'so you are a god'.
- зошто побогу презентираш геј плот кој е најневажниот геј плот на светот? Тука дел Торо како да сакал да им удоволи на сите и ајде ќе лупаме се што е актуелно. Основната приказна нема никаква врска со споредните малечки приказни што ги раскажува, не се допираат едно со друго, приказната за ликот на Мајкл Шенон не го направи ликот подобар, ниту дознавме за него повеќе од она што треба, исто и со ликот на Ричард Џенкинс, а од друга страна трошиме време на тоа и после 2 часа филм ми изгледале како 2 30 па одвај чекам да заврши.
- зошто на половина филм приказната за двојниот агент (пази, и двоен агент се појавува како еден клише еднодимензионален плот) се развлекува до таа мера да се изостави основното - интеракцијата помеѓу чудовиштето и глувата.
Значи тоа е најголемиот проблем за мене овде, нема простор за да се развие врската помеѓу протагонистот и чудовиштето, се скока од еден период во друг и секоја приказна е со различно времетраење што не знаеш колку време поминало во филмот, нема поединечни сцени кои прогресивно го градат ликот на чудовиштето, неговата позадинска приказна (ај ова и не е толку важно) ликот на протагонистот кој беше толку силно претставен на почеток а нула понатаму, за крајот да остане еден „предвидлив обичен крај кој не може поинаку“.
Единствено добри работи се продукцискиот дизајн, камерата (има доста добри кадри) и глумата на Сели Хокингс и Октавија Спенсер, но за жал тоа не го прави еден филм одличен, има многу многу слоеви а Shape of the water е еднослоен ко сива тоалетна хартија од 10 денари.
 
Овде, за разлика од за Билбордите, во голем дел се согласувам. Но убаво рече Corvus - ако се фокусираш на стилот пред приказната, и ако го пуштиш мозокот на пасење, и во овој филм може да се ужива. Гледај го како бајка, и таман си е. И плус: мора да признаеме дека годинава беше една од послабите филмски години. Па кога можеше лани Moonlight да победи 3 мои десетки, или пред тоа Spotlight... зошто да не може годинава еден филм кој е поинаков не само од сите други од годинава, туку и од 88 останати освојувачи на Оскар, да освои Оскар?
 
Никогаш не сум бил фан на style over substance, затоа не уживам ни во филмовите на Вес Андерсон, мене дај ми приказна пошо ако сакав да гледам стил ќе пуштев хајлајтс од Манчестер Сити и таман ќе ми беше.
На пример, Pan's Labyrinth беше еден прекрасен магичен реализам и филмот е еден од најдобрите на сите времиња, и истиот автор на тоа се спушта на ниво на ова во однос на скрипта... :(
Moonlight не го гледав, а Spotlight беше жива катастрофа.

Тоа му велев на вот пред скоро, порано со него имав километарски дискусии околу The Hurt Locker (и со пола форум имав впрочем), а филмот да го споредиш со добитнициве од последниве 3 години, изгледа како Господарот на прстените.
Критериумите се спуштени, ете дури и ти велиш „барем е поинаков филмот“ за жал не е доволно, како она нашето македонското „барем е македонски филмот“, се задоволуваме со малку веќе, презаситени сме и се што останува да чекаме е некој нов марвел филм или ако се смилуваат боговите - филм на ПТ Андерсон, за кој се помалку се зборува во светските медиуми затоа што не е режисерот што им треба за холивудската неолиберална кауза.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom