Сега гледам реприза Тотенхем-Рочдејл, дефинитивно РИП ВАР

за одлуките од 20та до 30та минута.
Каков пенал им свирнаа прво на Тотенхем

одлична одлука си беше слободен удар не знам кој кур ја променија. Немаше никаков прекршок во шеснаесетникот. Друга работа судијата во рок од 10 минути 7 пати слушаше на слушалките за без врска ситуации кај што немаше што да се гледа.
Она со пеналот на Сон воопшто не ми е јасно. Или има некои промени кои не ги знаеме или судијата не знаеше што прави вчера. Како прво пеналот требаше да биде повторен заради тоа што шеснаесетникот се исполни со играчи уште кога се залета Сон и од двете екипи. Веќе кога не го направи тоа, иако Сон застана сепак не одглуми шут и да не шутне, туку само подзастана што многу играчи го прават. А тоа што беше досуден индиректен удар(нешто што се прави само кога има два контакти пред да биде упатен ударот) никако не може да си го објаснам.
Во секој случај ваквиот метод е катастрофален кога за се одлучува оној од горе, главниот судија го губи чувството за утакмицата. Онака како што е замислено во Италија (главниот судија да ги прегледува спорните снимки, освен оние објективните ситуации како офсајд и топка која што го напуштила теренот) е подобро во секој случај, со тоа што мора попрецизно да се дефинираат одредени работи.