Ноуп, не работат така вредностите, па дури ни хипотетички не си близу, без разлика на приликите од првиот меч.
Јас мислам дека сум близу поради повеќето околности земени во предвид
Јувентус е во топ форма,нема примено гол од декември и е во серија од 13 победи со ред во сите натпреварувања,целата екипа игра подобри и покомпактно без Дибала и делуваат многу стабилно...даваат голој без игра и имаат незгодни играчи во нападот што му треба малце простор.
Тотенхем целата игра му се базира на пресинг,самиот концепт и систем му одговара на Јувентус бидејќи Јувентус лесно се справува со таквите екипи(Рома и Наполи),Деле Али еден од клучните фудбалери во нападот на Тотенхем игра во мизерна форма цела сезона и е безопасен,Тотенхем се ослободи од Волкер и цела сезона поради внатрешни проблеми не го играат Роуз другиот бек...додека Дејвис и Трипие се далеку послаби,понеквалитетни,и понестабилни бекој што немаат којзнае каков импакт во нападот а во одбрана се многу ситни и непревидливи..а не се ниту брзи па да направат вишок.
Бонус Тотенхем е очаен на гостувањата, а Јувентус во Торино е доминантна екипа...не гледам како Тотенхем ќе го помини Јувентус..нема каков фудбал да изигра,сите околности се на страната на Јувентус.
И да Тотенхем во последните две недели изигра 4 натпревари од кои три дерби(тешки) каде ги трошеа сите играчи..додека Јувентус си играше забава со Саусоло и Фиорентина