Доколку Словенија победи против Чешка, оди во полуфинале ако Шпанија и Германија одиграат нерешено.
Ние имаме шанса за трето место во групата ако Словенија ја победи Чешка, ние ја победиме Данска (која доколку Чешка изгуби, сигурно ќе биде прва во групата, без разлика дали ќе не победат, одиграат нерешено или загубат 20 разлика), во случај на поволно сценарио од првите 2 меча, ќе се чека победа на било кој тим во мечот Шпанија - Германија, да не биде само нерешено.
Чудо од утакмица прокоцкавме, Лазаров промашува пенал за повторно водство, следниот напад Борко брани и топката оди во аут. Од истата акција примаме гол за водство на Чешка, неверојатно.
За финишот да не коментирам, доколку Манасков реализираше, се уште ќе беа во комбинација теоретски шанси за полуфинале, но најголемото прашање, колку ние го заслужувавме за да воопшто се надеваме на истото?