ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.959
- Поени од реакции
- 57.695
Мали сме на карта, први сме во група... ♪♪♪
Откако лагано и без многу заебанции си ја завршивме работата во првата група и подобро од очекуваното, завршувајќи на првото место од групата Ц, македонската ракометна репрезентација се враќа на „местото на злосторот“ од пред 9 години - Вараждин.
Темата за првата група ја започнав пишувајќи дека најуспешната генерација на македонскиот ракомет се враќа онаму каде што ја започна нејзината приказна од чести настапи на ракометните континентални и светски собири, Хрватска.
Сега, по пласманот во главната фаза од наптреварувањето, се враќаме токму на лице место, во салата во Вараждин, за која не врзуваат прекрасни спомени од Светското Првенство кое се одржа тука во 2009 година.
Тогаш, во Вараждин, во истотака група сочинета од 6 екипи, завршивме на второто место, со три освоени победи, зад Германија. Зошто не и повторно да завршиме на второ место, но место кое овојпат би значело неверојатно полуфинале. Па зошто не и пак зад Швабите со кои заедно би го правеле водечкото дуо.
Но доволно е со евоцирање спомени, да се насочиме кон тоа што овојпат не чека во Вараждин.
А не чекаат стари познаници. Сонародници на нашиот генијален селектор кои веќе се возбудени за тоа како ќе се претстави против својата „сопствена“ држава, наши дамнешни пациенти и наши дамнешни крвници. Односно, не чекаат Шпанија, Чешка и Данска.
По неколку збора за нив:
Шпанија:
Сонародниците на Раул Гонзалез доаѓаат во оваа група, исто како нас, првопласирани. Но со само два пренесени бода, затоа што го загубија дуелот со Данците во последното коло. Досега на првенството играат добро, предводени од нашиот добропознат Алекс Душебаев, кој им е најдобар стрелец по натпреварите од првата фаза.
Изненадувачки, во досегашните мечеви не блескаше можеби оној од кого најмногу се очекуваше да ги предводи, голманот Перез де Варгас кој има процент на одбраните колку наш Борко.
Предводени се од Џорди Рибера, тренер кој еднаш не има победено како селектор на Бразил.
Чешка:
Репрезентацијата која заедно со нас до скоро важевме како репрезетнациите кои сеуште успеваат со ракомет од минатиот век да вирееме на европските и светските првенства.
Но и тие како и ние, почнаа со смена на генерацијата, па се можеби и едно од изненадувањата од првата фаза, со двете победи врз Данска и Унгарија. Ветеранот Ждрахала и младиот Касшпарек се нивните предвоници во нападот и заедно тие двајца имаат постигнато повеќе од една третина од головите на Чешка. Голманското дуо Галија и Мрква ги имаа своите 5 минути против Данска и Унгарија, и се надеваме дека нема да ги повторат тие партии.
Последен пат Чесиве ги исчукавме токму во квалификациите за ова ЕП. Поточно они не исчукаа таму додека Чиката Лино Ќервар ни беше уште тренер. Потоа на домашен терен да си го вратиме приматот на победници во дуелите.
Данска:
И на крај, крвниците од Европското Првенство во Србија, репрезентацијата која не пресече на патот кон историското полуфинале, кое ќе го имавме доклку пичмелето Ханс Линдберг не даде гол во последна секунда.
Истиот тој Линдберг сега има начукано 36 години и сеуште игра за Данска, па ќе имаме директна прилика да му ја сервираме одмаздата ладна како данска клима. Микаел Хансен и Лауге Шмид се предводниците во напад за Данска на ова ЕП. Ландин има лош процент на одбрани, но затоа Грин од клупа има одличен учинок
Со нив играме во последното коло од втората фаза.
Македонија:
Што да се пише за нашите дечки кои веќе ги надминаа сите најпозитивни очекувања за ова ЕП?
Со величенствениот Раул Гонзалез на клупата, македонската репрезентација наликува ко Франција за сиромашни. Впрочем, токму „Експертите“ и ние сме единствените досега непоразени селекции. Скор што навистина тешко дека ќе го задржиме вкрстувајќи со ваква тешка група, но видовме дека можеме да се надигруваме со секого и да победиме секого.
Како што кажа и командантот, ќе одиме чекор по чекор и меч по меч, до остварување на уште подобар учинок на ова ЕП. Психилошкиот товар веќе го нема, првичната цел е исполнета, па останува да видиме што ќе спреми ракометниот мастермајнд за новите три опоненти. Една победа би ни загарантирала пласман во топ 8, што гледајќи ја ситауцијата пред почетокот на првенството е навистина успех.
Но како што пишав, да го послушаме командантот и да одиме меч по меч. За првиот имаме дури 3 дена пауза бидејќи го играме на 21ви против Шпанија. Потоа следуваат Чешка и Данска на 23ти и 24ти.
Кога веќе тргнавме да им делиме лекции по ракомет на сите, да се испробаме и со овие најјаките!
Со Ел Команданте напред, vamos!
Последно уредено: