Почитувани кајганџии,
Има една легенда за војната во Либија. Своевремено најпросперитетна муслиманска земја, трн во око на многу западно демократски земји. Легендата вели дека наеднаш се собрале екипа од 30 тина луѓе во 2-3 жолти комбиња, 20 почнале да се дерат, 5 да пукаат и 5 да снимаат, сето тоа траело 5 минути по што тајфата со комбињата се разбегале во непознат правец. Наводно тоа било почетокот на револуција на народот против Гадафи.
Нешто слично се случило денес во Прилеп. Дошла екипа неповикана, ненајавена, недговорена на неколку минути измериле филм исто како во холивуд. Јас немам видено никаков човек ни никакво мерење. Никој досега ниту ми се јавил, ниту ми пишал, ниту ми се обратил, ниту разговарал со мене. Појдов до сервисот кој го направил наводното снимање и истиот не сакаше да ми даде записник од направеното мерење, ниту изјава дека дошле и нешто измериле, значи официјално не се тие. Сега има случај со НН ликови кои нелегално влегле и треба да ги бараме со полиција.
Непрофесионално однесување од ГрееМК и станува од ден на ден полошо. Уште малку ќе почнат да обиваат во домови.
За резултатите од холивудското мерење, излишни се зборови. Вистинско мерење ќе добиеме во наредниот период како што е ветено, со акутелна потрошувачка, сетинзи на даљинско, надворешна, усис издув.