Храбар нов правец се превзема во TLJ, што се однесува до аркот и градбата на ликовите, додека главниот плот, а поготово еден од сабплотовите останува најслабиот дел од филмот генерално. Тоа е едина посериозна замерка што ја имам во овој, незаслужена бркотница што на пола филм ќе има експозиција и тука настапува сабплот хајсот кај што се осеќа манкање у одвивање на дејствието.... друго споредно што може да се замери се непотребните quips у не многу сцени што ја намалуваат тежината на моментот.
Се останато е супериорно во однос на TFA, појак перформанс од ликови не е виден во франшизава, доведено на оскаровско ниво, Кајло,Реј,По,Фин,Лук,Леа па и на Дел Торо ликот има повеќе содржина од сите карактери заедно у Роуг уан.
Тоа е она што го води филмот, конекцијата на двајцава, конфликтот кој преовладува, отфрлање на античката дуалност и моќта на убедувањето преку силата што овде и е дадена поголема слобода на канализирање.
Музиката на Вилиамс овде е миљи поимпактна од TFA, сет сцените и акцијата боље него икад, вајд шотс,висти, агли, се е подигнато ниво погоре....
филмов практично ќе го мразат повеќето најнавлезени мањаци кој не ќе можат да го прифатат развојот на Лук и тоа што Сноук испадна само потрошен адут за доградба на Кајло.
се на се, иако со неколку воочливи недостатоци, сепак Рајан Џонсон превзема ризици овде кој што повеќето се исплаќаат за разлика од неговиот претходник што го рихашна од корен New Hope, али бар понуди достојни замени на оригиналната постава, која во овој филм го доживува пикот.