FILM CLUB (КРУГ 5) (204. Palmer: 28.10-10.11.2024)

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.713
Поени од реакции
43.734
Овој, следниот, тој по него... Сеедно. За да имате право да предложувате, мора од последните 3 барем 1 да изгледате.
Вечер немам шанса, ама ќе пробам во текот на наредната недела да изгледам нешто. :P
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.482
Поени од реакции
7.305
Ќути не кажуј на никој

Филмов го имав гледано многу брзо откако почнав да оценувам филмови, значи пред едно 7-8 години, а толку наназад не памтам, посебно кога е филм полн со детали, плус за среќа го имав заборавено и пресвртот, само знаев дека ќе го киндапираат Дастин Хофман (тим Хофман). Знаев и дека е жива ама не беше некој проблем тоа. Така да ко да гледав нов филм.
Сега за филмот. Ми се свиѓаше прилично. Класичен трилер, кај нив најважно е да те држат, а кај мене успеа од почеток до крај. Исто важно ми е ситуациите кои доведуваат до заплет/расплет на дејството да бидат ако ништо друго барем до некаде логични и веројатни, а јас и со ова немав некој проблем. Мислам дека се беше внимателно заплеткано и отплеткано.
Ликовите сите ми беа добри, можеби не беа направени за да се поврзеш со нив, ама затоа приказната надополнуваше за тоа. Саундтракот исто ми се допадна. Од сцените за издвојување ми се делот кога бегаше од полицијата, и на крај расплетот. Не знам што друго да кажам, од 7че рипна на 8/10 што е реткост кај мене.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.623
Поени од реакции
36.345
Ќути не кажуј на никој

Филмов го имав гледано многу брзо откако почнав да оценувам филмови, значи пред едно 7-8 години, а толку наназад не памтам, посебно кога е филм полн со детали, плус за среќа го имав заборавено и пресвртот, само знаев дека ќе го киндапираат Дастин Хофман (тим Хофман). Знаев и дека е жива ама не беше некој проблем тоа. Така да ко да гледав нов филм.
Сега за филмот. Ми се свиѓаше прилично. Класичен трилер, кај нив најважно е да те држат, а кај мене успеа од почеток до крај. Исто важно ми е ситуациите кои доведуваат до заплет/расплет на дејството да бидат ако ништо друго барем до некаде логични и веројатни, а јас и со ова немав некој проблем. Мислам дека се беше внимателно заплеткано и отплеткано.
Ликовите сите ми беа добри, можеби не беа направени за да се поврзеш со нив, ама затоа приказната надополнуваше за тоа. Саундтракот исто ми се допадна. Од сцените за издвојување ми се делот кога бегаше од полицијата, и на крај расплетот. Не знам што друго да кажам, од 7че рипна на 8/10 што е реткост кај мене.


Филмот не ме збуни ама ова да :D . Сценава јас не ја видов во филмов, набрзина ко што проверив нема други верзии, па ме интересира и кај другиве шо глеавте дали ја имало или не.
И официјално првиот повратник во четвртиот круг. Сега сме деветмина.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Луѓе стварно извинете, али мака мачам со тајм менаџмент, ваљда не е ова оправдание дека еден филм не можам да изгледам две недели, а наоѓам време за други, ама не сакам да бидам оној кој што не гледа предложени филмови. Ќе ви се вратам од јануари, ако постои уште 102023та шанса за камбек. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.623
Поени од реакции
36.345
Луѓе стварно извинете, али мака мачам со тајм менаџмент, ваљда не е ова оправдание дека еден филм не можам да изгледам две недели, а наоѓам време за други, ама не сакам да бидам оној кој што не гледа предложени филмови. Ќе ви се вратам од јануари, ако постои уште 102023та шанса за камбек. :D
Секогаш постои. Јас ќе бидам упорно досаден. ;)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.745
Поени од реакции
2.560
@Anon e на ред за предложување?
Немојте пак ко минатиот круг пак да и се додворувате на @Corvus со филмови со чавки, врани, голуби и слично. ;)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.623
Поени од реакции
36.345
Да, @Anon е следен, само прво малку анализа: шестмина го гледаа Tell No One (заедно со предложувачот @Gazpapir кој не пиша оценка), и доби средна 7,2. Го испуштија: @wot , @Хоуп и @Zarniwoop (за него ова е трет по ред неизгледан, па затоа го губи местото во четвртиот круг. Ако сака да се врати, заедно со било кој од останатите кои ги тагнав во мислењето погоре, знае што треба да направи - барем еден изгледан од последните 3 во моментот кога се враќа).

Е сега, мала анализа за малечкиот и краток трет круг: 17-мина вкупно учествуваа:
@Anon , @Zlatikevichius , @wot , @Хоуп , @moongoses , @Corvus , @Gazpapir - предложија филмови, и активни од почеток до крај на клубот;
@Goodfella , @devilko и @Zarniwoop - предложија филмови во клубот, но за жал веќе не се дел од тимот
@Толстој , @Донев , @Вокерка и @dejan_k - учествуваа со свои рецензии, но го напуштија клубот пред да им дојде ред за предложување
@grande-juve - се врати токму на крајот од кругот, за последниот филм, ќе биде со нас во четвртиот круг
@Angello - не успеа да изгледа ни еден филм од кругот, иако изрази желба да учествува
@Hurin - никогаш официјален член, но ни беше другарче за неколку филмови

10 филма предложени: најгледан (14 души) Titanic на @Zlatikevichius , најмалку гледан (шестмина) Tell No One на @Gazpapir . Највисоко оценет Ikiru на @wot - оценка 8,8, а најниско оценет The Crow на @devilko - 5,7.

Останува, со 9,2 оценка, од вториот круг, Life is Beautiful на @Iceboy најдобро оценет филм од почетокот на клубот до сега.

Вкупно 93 пати некој од нас застанал пред телевизор за филмовите од третиот круг. Средната оценка од сите гледања е 7,24 што е за нијанса помала од средната 7,32 од вториот круг., и многу помала од 7,65 - средната оценка од приот круг. Но сите се сложивме дека третиот круг беше поразнобоен од претходните 2 - повеќе жанрови, речиси и да немаше 2 филма кои наликуваа еден на друг. Најмалата дадена оценка за филм беше 3/10, а највисоката, нормално 10/10, и тоа вкупно 9 пати, од кои едната десетка беше од @Anon , најскржавиот десеткодавач. :P

Сите филмови од третиот круг ги изгледа само тројца - @Anon (кој останува единствен кој ги изгледал сите 50 филма до сега, од почеток на клубот), @Corvus и @moongoses - браво guys! По нив, тројца: јас, @wot и @Gazpapir имаме испуштено по само 1 филм, @Хоуп и @Zarniwoop имаат по три испуштени, а сите останати по 4 или повеќе.

Јас сум сепак задоволен и од кругот, а и од сите членови, и сакам да ви се заблагодарам уште еднаш што учествувате и ја правите темава една од најактивните во подфорумот. Воедно, ги повикувам уште еднаш сите кои сакаат да ни се придружат, без разлика дали веќе учествувале во претходните кругови, или прв пат слушаат за клубот, да ни се придружат. Вратите ни се ширум отворени. Би сакал, доколку можете, и секој од вас да ги покани своите пријатели, љубители на филм, да дојдат, да видат. Се надевам и да останат.

За крај: редоследот на предложувачите во четвртиот круг, онака како што се наредени на табелата според тоа кога дошле во клубот и колку активни биле, е следен:

1. @Anon
2. @Zlatikevichius
3. @wot
4. @Хоуп
5. @moongoses
6. @Corvus
7. @Gazpapir
8. @grande-juve

Да, останавме само 8 полноправни члена. Но ќе се вратат уште, ќе видите. Зима доаѓа, на топло се седи, со чајче, пред ТВ... Секој кој ќе се врати, или ќе дојде за прв пат ќе биде додаден на листата предложувачи по принципот прв дојден-прв додаден.

За секое прашање ви стојам на располагање.

Ladies and gents, may the 4th round begin! @Anon , преземи.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.482
Поени од реакции
7.305
По малце за тие што поминаа, а сум ги гледал релативно скоро и за кои моментално неам време за реприза:

Wings of Desire - Нараторот можам да го слушам 5 дена без прекин со тој неговиот смирен и игрив глас. Исто и филмот, таа меланхолична и некоја посебна поетична атмосфера многу ми се свиѓаше, со Бруно Ганц на чело. Што ќе ти е вечен живот ако не можеш да ги почувствуваш и најмалите ситници како мирис на кафе до најголемите како љубов. Исто помагаше преубавата кинематографија. 9/10

A Good Year - Едино поентите и заедничките сцени на Расел и Марион(а ги имаше премалку) ми беа добри. Ми имаше премногу исфорсирани обиди за комедија како коа се заглаи у базенот или коа играа тенис.. такви доста минуси доби за хуморот. Плус предолг, пре-чизи и некако "неизрамнет", од фаст форвард сцени до сериозни. Тоа шо е предвидлив не ми смета у ром-ком, мада ова не ни беше класичен ром-ком, битно е да има харизма, хемија и фил гуд возење, а у филмов премалку ми имаше, главно ради режисерот по мене. 5,5/10

Princess Mononoke
- Апсолутно сум заљубен во Мијазаки и неговите најубави магични светови.. Мононоке му е еден од филмовите со “посериозна“ тематика, со главен акцент на уништувањето на природата. Исто ко за Wings of desire, и ликот Мононоке можам да го гледам до бесконечност. Јасно е дека и се' друго ми се допадна, посебно деловите во шумата, а можеби најмногу, (кликнете ви се мољам) музиката! Автоматски ми прави супа од кнедли. 9/10

Titanic - Претходно го глеав ептен на времето на А1 коа го даваа, така да освен најпознативе моменти што редовно се спомнуваат, на друго не се сеќавав. Почетокот од пола саат или колку и да беше е тотално непотребен, ко некој документарец. Плус коа мислеа дека го најдоа дијамантот сите славеа па и чистачите на бродот... :confused:. А откако вистински почна, добар. Јако снимен, музика у право време користена, хемија меѓу Кејт и Лео, едино шо имаше класични некои холивудски клишеа и малку развлечен шо е. 7,5/10

City Lights
- Еден од перфектните филмови, нема што да должам, апсолутно се' ми е погодено, од хуморот до романсата до драмата. Крајот на секое гледање без грешка предизвикува :place: 10/10

What Ever Happened to Baby Jane - глеан годинава на 1ви јануари, во мувиспотинг сум пишал: Филмиште! Луксузно психолошко трилер/хорор возење. Веќе традиционално отварање на филмската година со Бет Дејвис, со една од нејзините најдобро изиграни улоги.. I've written, a letter, to daddy... 9/10

The Phantom of the Opera
- Многу убаво снимен, кинематографија, продукција и се' тоа. Музиката добра, особено на Фантомот темата ми беше прејака. Едино што после првата третина почна за нијанси да ми опаѓа и не бев внесен како на почеток.. Плус си имаше и кринџ сцени во солиден број. Сепак севкупно ми вредеше зашо беше убав за гледање и слушање. 6,5/10

@Zlatikevichius апдејтирај ме
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
@Anon e на ред за предложување?
Немојте пак ко минатиот круг пак да и се додворувате на @Corvus со филмови со чавки, врани, голуби и слично. ;)
Да!
Во овој круг може да ми се додворувате со солидни sci-fi-чиња, малку да размрдаме мозок
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.014
Со посакуван сајдефект да ни се врати Грандејуве.

Ikiru на Kurosawa.
Ne samo najvisoko ocenet mojot, tuku i uspesen side effect. :cool:

Steta sto vlegov u noviot krug so eden neizgledan, i toa posledniot predlozen koj bese planiran za snosti megutoa otidov so neso light ko za pred spienje (kingsman) i ostana vaka. Ama ke go izgledam.

Za klubov... pak ke kazam, sve ubavi lugje. <3
Soako sme namaleni.

Cekam predlogot na anon. :3[DOUBLEPOST=1511792660][/DOUBLEPOST]
Да!
Во овој круг може да ми се додворувате со солидни sci-fi-чиња, малку да размрдаме мозок
Go izgleda mojot prv predlog? So robin wright? :p
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Ne samo najvisoko ocenet mojot, tuku i uspesen side effect. :cool:

Steta sto vlegov u noviot krug so eden neizgledan, i toa posledniot predlozen koj bese planiran za snosti megutoa otidov so neso light ko za pred spienje (kingsman) i ostana vaka. Ama ke go izgledam.

Za klubov... pak ke kazam, sve ubavi lugje. <3
Soako sme namaleni.

Cekam predlogot na anon. :3[DOUBLEPOST=1511792660][/DOUBLEPOST]

Go izgleda mojot prv predlog? So robin wright? :p
Не сум, наназад глеам, ќе стасам кога тогаш :motorce:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.731
Поени од реакции
27.718
Филмот што го предложувам е Chronicle
http://www.imdb.com/title/tt1706593
Не се сеќавам многу на филмот но знам дека ми се допадна а си се потсетив сега и од рецензијава што ја имам напишано
https://forum.kajgana.com/threads/Последен-гледан-филм-со-кратка-рецензија.25638/page-203#post-5017960

Ќе си го репризирам сега, најверојатно.
Го предложувам затоа што ми беше интересен, забавен, ме оставаше во прашалници, релативно млад режисер и writer... и она што го сакам многу, реално нереален.
И кратко трае.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.482
Поени од реакции
7.305
Chronicle

Ми се бендиса. Првиот пат коа излезе ми беше само ок, сеа подобар.
Во основа, филмов го доживеав како соочување на еден тинејџер со неговите проблеми. Болна мајка, пијаница татко, изолиран, го заебаваат во школо.. За момент наоѓа бегство, се нормализира, али следува :pov::цицки:, и му нема назад после, сите комплекси и проблеми му се враќаат и покрај обидите на другаров и братучедот да помогнат, Ендру буквално експлодирува. Така да од овој аспект се слагам со Анон дека е реално нереален.
Исто филмов може да се глеа и од аспект што би напраиле ако одеднаш се здобиеш со супер моќи, и тоа беше реалистично, одма би праеле такви некои глупости.. едино ми сметаше дерењево на тинејџериве, ко звуци не можев да ги поднесам.
Also, трет аспект, making of a villain.
Малкуцка ме нервираше шо изглеаше ко found footage филм, али ок. А прилично ми се свиѓаа моментиве коа Ендру избувнуваше..
Значи генерално, интересно мало паметно филмче, држеше, повеќеслојно.. лајк. 7,5/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom