FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Да, де, откако Хоуп те прозва, па ти текна и на другите... :)
Истово го коментирав и за The Woods ако ја имаш читано.
Претходните ги имам читано „само една прилика“, „еден единствен поглед“ и уште нешто, шума мислам дека ми е следна на ред.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.478
Поени од реакции
7.290
The Crow (у спојлер за да не се меша со тековниот)
Њет за мене. Прво, неам зошо да се грижам за било што, зашо одмаздува "љубов" шо беше прикажана во флешбекови шо вкупно траеа дали 2 минути, а самата одмазда беше врз ментални ликои и автоматски беше досадно.
Второ, режијата/монтажа, заедно со сценариото правеа цел филм да ми делуе евтин и усполнет со кринџ моменти. Главниов негативец со сестра/женска му исто смешни.. Едино Дрејвн шо ми беше ок од филмов. Така да, слабооо..

Пиши Злате 4,5/10 :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.814
Поени од реакции
33.665
Дури е пресно, морам, вака под импресии може ќе бидам и конфузен малку, ама таков сум ко ќе сум опседнат од убавини.

Почнуваме со задолжително кликање на ЛИНКОВ и оставете нека трае. Со звукот до максимум, и неколку repeat-а. Инаку не се признава.

Каков почеток! Предобар! Поточно, ќе се вратам малку на еден момент кој ме изненади уште од самиот старт: што по ѓаволите прави Роберт де Ниро во француски филм? Додека укопчав дека не е Роберт де Ниро, веќе беше полека навлезен филмов во својот заплет. Е сега: имаше предобро прикажана хемија помеѓу брачниот пар, затоа веројатно тоа што се случи на езерцето имаше толкав ефект врз гледачот, зашто некако од глумата на типов подоцна не се приметуваше дека тагува по мртвата љубена. Искрено, во сцените што му следеа, не можев ни да претпоставам дека она е мртва, се додека не го изговорија тоа, зашто типов ко да продолжил да си живее понормално и од порано по случката. Е после веќе, ко почнаа да му стигнуваат mail-овите, ко почна да се замрсува дејството, тогаш одма друга прича - значи не било до глумата, веројатно намерно, така сакал режисерот, да не држи две три минути во неизвесност. Веќе штом почнаа да се заплеткуваат работите, и штом се појавија еден куп ликови, mostly жените кои некако не успевав да ги разликувам, ко да се изгубив малку, и полека филмов добиваше една по малку чудна димензија, не би сакал да го споредувам со некои нешта во кои конците се позаплеткани од гордиевиот јазол, малку неблагодарно е да го ставам во иста категорија.

Малку пауза, нешто ново - КЛИК. И ко ќе заврши, и ОВА. Второво на repeat.

Е сега - кога веќе се се заплетка толку многу што не се ни трудев да барам одговори, ми се врати уживањето од почетокот. Зашто тогаш само седнав, и се препуштив на самиот филм - си чекав самиот да се расплетка и да ми ги даде одговорите. И беше тоа можеби малце пре-наивно и досадничко, со оглед на тоа што одговорите беа дадени во форма на исповед на еден од ликовите, на татко и, со еден малечок твист на крајот, кој не донесе нешто ново во приказната и не беше којзнае колку изненадувачки, колку што беше парадигматичен за да ја претстави целата идеја на татко и, и да оправда се што тој направил. Прекрасна претстава на тоа колку љубовта на родителот кон своето дете е најсилна од се, и неспоредлива со било кој вид на љубов кој постои на оваа планета. Звучи малце лигаво и театрално, но тие кои имаат деца ќе ме разберат веројатно повеќе од оние кои немаат.

Крајот убав, ми се допадна, иако се прашував како по сите перипетии се вратија назад на тоа глупаво езерце кое им зададе толку проблеми. Но веројатно истото тоа езерце и дрвото во кое им беа врежани иницијалите им будеше повеќе убави спомени, од детството, отколку тој еден, заради кој осум години им отидоа во неповрат.

И за крај, ОВА, АМА ЗАДОЛЖИТЕЛНО! Филмов и визуелно ми се допадна, и глумата беше добра, и приказна, и се, ама музиката, од старт до финиш беше вистински џек-пот. Затоа и намерно, низ мојов краток осврт сакав да ја нафрлам како некој зачин, баш онака како што функционираше во филмот.

Преубаво филмче, во секој случај. Ме фати малку неспремен, зашто не очекував нешто вакво од филм за кој претходно не бев чул, веројатно тоа и помогна да се засили мојот впечаток. Сега, додека не сум напишал уште некоја глупост, зашто се трудам се што ми е во еден ист момент во главата да го напишам, а невозможно е, најдобро ќе биде да запрам тука. 9/10 од мене. Браво @Gazpapir :cuc:, одличен финиш на третиот круг во клубов. Ова беше зачин кој му даде уште поубав вкус на исто така одличниот трет круг. Браво и до сите предложувачи. Посакувам и четвртот круг да е подеднакво добар, бар.[DOUBLEPOST=1511377134][/DOUBLEPOST]
6/10
Интересен ми беше се додека не стана шпанска серија. Овој е умешан, оној е умешан, мајндфак ваму, мајндфак таму.... малку и конфузен ми беше искрено, претежно поради јазичната бариера. Ма Invisible guest полесно го пратев.
Иако нумерите во филмот беа по мој вкус, не беа вклопени како што треба.
И романтичен крај awww <3
Имаше неколку интересни сцени, ми се допадна кога го бранеа тој црнецот голем и таткото на хемофиличното дете.
Исто сцената кога му се мешаа погребот и свадбата, интересен преклоп.
Се интересно, а филмот шестка? Мрш!
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.034
Поени од реакции
6.699
На сценава се ежам секогаш, СЕКОГАШ! Ми се насолзуваат очите, аниме солзи леам на сценава!

[DOUBLEPOST=1511380364][/DOUBLEPOST]Кога првпат го изгледав филмов, со моето куче трчав вака и ја слушав песнава. :)))))))))))))
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.814
Поени од реакции
33.665
На сценава се ежам секогаш, СЕКОГАШ! Ми се насолзуваат очите, аниме солзи леам на сценава!

[DOUBLEPOST=1511380364][/DOUBLEPOST]Кога првпат го изгледав филмов, со моето куче трчав вака и ја слушав песнава. :)))))))))))))
Даа, и мене ме наежи, кога дозна дека е жива. И на крајната сцена, кога плачеше ко мало дете покрај дрвото. :place:
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
оточно, ќе се вратам малку на еден момент кој ме изненади уште од самиот старт: што по ѓаволите прави Роберт де Ниро во француски филм? Додека укопчав дека не е Роберт де Ниро, веќе беше полека навлезен филмов во својот заплет.
Dustin-Hoffman-et-Francois-Cluzet_1.jpg
Како успеа да ти заличи на Роберт де Ниро, кога типот е пљукнат Дастин Хофман? :)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
И ја не знам Злате од кај го извади Де Ниро, и мене ептен ми личеше на Хофман.
Е сега со горнава слика личи и на Де Ниро...
Ама пак е повеќе Дастин.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.814
Поени од реакции
33.665
И ја не знам Злате од кај го извади Де Ниро, и мене ептен ми личеше на Хофман.
Е сега со горнава слика личи и на Де Ниро...
Ама пак е повеќе Дастин.
Првата сцена, додека седеа на масата, дури и насмевката, 100% личеше на млад Де Ниро, од Taxi Driver, на пример. Исто онака ко ти и млад Кевин Спејси. Е сега, млад Дастин мислам дека не го знам, затоа не ми текна, ама вака, кога гледам сега, да, личи.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Мене ни на сликава не ми личи на Де Ниро. Можеби некоја гримаса прават слично, но физичка сличност јок. Ама затоа ко близнаци да се со Хофман.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Шта речи....
Некој поелоквентен ако може место мене да пише рецензија за филмов :trep: :trep:

Дефинитивно не ми легна, а причината може да ја бараме уздолж и попреку од најбанални ситници и детали па до некои посуштински елементи што ги прикажа филмот. Ама не беше толку крш, имаше и работи што ми се свиѓаа, затоа и не го оценив ужасно.
Пред се, од посуштинските issues што ги имав за филмов е тоа што за трилер воопшто не ме држеше заинтересирана, ниту па се поврзав со некој лик, ниту па ми беше којзнае колку гајле дали ликот од интерес е жив, или не е жив, и што уствари се дешава, во голем дел од филмот чекав само да дојде расплетот и да заврши филмот зашто и онака не ме возеше како што трилер претежно ме вози, многу слаб suspense element имаше и сето тоа придонесе да не ме интересира многу многу што има да каже.

Од таа другата категорија на негативни аспекти што немаа голема сигнификантност во оценката на филмот, се стварно глупи pet peeves ама кога тргнав веќе, ќе ги кажам.... прво, знам дека е адаптација и дека за овие работи може и да не е филмот виновен непосредно, ама зашто ја неам читано книгата, што е тука е. Обично не раскажувам конкретни сцени од филмови, ама сега ќе направам исклучок... тие жените ко што кажа и Злате многу слабо ги разликував барем на почетокот, после се снајдов ама имаше втф која е оваа сеа моменти. Еден таков беше и кога Алекс беше во ресторанот со Хелен и делуваат како да се пријатели во ред, потоа Алекс оди на комеморација кај родителите на Марго и таму мајкава на Марго му вика Како љубовниот живот, а овој на тоа и враќа Па нема ништо сериозно, следната сцена е таа кај што Алекс ѕвони на врата и му отвара Хелен и му дава така еден сочен smooch, и си викаш ок може се нешо љубовници овие, за да испадне дека...... Хелен е лезбејка и женска на сестра му. Kinda weird ама ок, не дека имаше потреба толку да се комплицира целава работа. Друга слична глупост ми беше кога таа адвокатката му фрла слика на тој јавниот обвинител од кучето на Алекс и му вика Овој пес ќе ти ја заврши кариерата зашто има сведоци што го виделе врзан пред интернет кафе за времето на убиството. wut? Не дека Алекс влезе у интернет кафето, и го видоа најмалку 10 души што беа присутни во истото, туку наjсилниот аргумент е што кучево го виделе рандом минувачи врзано за бандера. Трето, таа сестрата на Алекс, 8 години знаела кој ја тепал Марго, ама ете од некоја причина не кажа никому, иако сите сметаа дека е мртва. Мислам, ок е да не каже на Алекс, ама ете зошто не би и кажала на Хелен. Има уште вакви глупи работи што ми превртуваа очи, ама да не забегувам, плус знам дека се глупи и нема нешто што којзнае колку треба да ми смета, ама ете...

И последно. да го искоментирам расплетот, којшто ми се свиѓаше ама не беше идеален. Ептен ми беше engaging и го следев со цело внимание, ама нешто почнаа да ми сметаат филмови со double twist. Како што не ми смени многу во Atomic Blonde, така ни овде. Апсолутно непотребен беше, зашто веќе кога го дознав целиот shebang позади дејството, ама ИЧ не ми беше гајле кој го уби тој педо предаторот.
И така ви викам јас, 6/10

*Disclaimer: Знам дека е многу тешко да се избере филм за клубов, и дека сите сакаме да избереме некој што не им е гледан барем на повеќето членови, знам и дека тоа си има свои недостатоци зашто добрите филмови се веќе сите изгледани, и останува да се прават компензации и баланси од типот гледаност/квалитет и слично. Во секој случај, јас не се жалам од филмови кои не ми се допаднале, зашто и самата поента на клубот е да се гледаат филмови кои инаку не би ги гледале, така што keep up the good work people.[DOUBLEPOST=1511713511][/DOUBLEPOST]И Злате апдејтирај таму листата на Летер фалат сите филмови после The Man Who Shot Liberty Valance, многу си ми неажурен во последно време, не знам што е работава треба да се испита :cautious:
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.814
Поени од реакции
33.665
@wot , @Хоуп , @Zarniwoop и @Gazpapir - имате само уште неколку саати за да ставиме точка на третиот круг. Tell no one.

@Goodfella , @devilko , @Толстој , @Донев , @Вокерка , @dejan_k - и вие имате уште само неколку саати за да го задржите местото кое го имавте на листата во третиот круг.

@grande-juve , @MyloXyloto , @џимеј , @Iceboy , @wicked_1 , @Џонтра Волта , @ManUtdChampions @ob1 и @Васил МКД - исто, само уште неколку саати од вториот да се телепортирате во четвртиот круг, и цела вечност потоа да ни се приклучите кога ви душа сака.

@Spiegel , @RectumAnale , @Bojan Van Buuren , @Leo Bonnie , @Erich Zann - исто како овие погоре, само скокот би бил од прв во четврт круг. Иако тоа не менува ништо, ни нам, ни вам.

И @Krk1 , @Chovek , @AniMagus , @K!KI , @Saladin , @Хефест , @beaverknight , @Mich0MKD , @Луси_Лу , @Продиџи , @Daedalus , @bobipp , @Shawn Spencer , @Carax , @Angello и @Hurin - се надевам дека некој од вас ќе го предложи својот прв филм во клубов токму во следниот круг.

Можда сме секта, ама не сме страшна секта. По нас, никој не се самоубил. Yet.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.814
Поени од реакции
33.665
Треба филмов да го изгледаме така? :P
Овој, следниот, тој по него... Сеедно. За да имате право да предложувате, мора од последните 3 барем 1 да изгледате.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Немам време јас во последно за филмови, впрочем немам време ни сам да си одберам и да гледам. Тек онаму после февруари, март негде :))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom