Еве ќе ти кажам лани во кратки црти што се случуваше. Грее имаше демек официјален профил и секоја промоција ја објавуваше во постови, незнам кој исто постираше некоја промоција од друга фирма и експресно беше избришан....
Јас бев баниран исто така, затоа што напишав контакт телефон и веб адреса од мојата фирма, а исто така и брат ми (kano му е никот), сеуште е баниран за истата причина, и тоа доооооста долго време... Во години се брои времето поминато откако баниран, не во недели или денови, во години.
И двајцата добивме банови, затоа што на некој начин СМЕ ТЕРАЛЕ ГЕРИЛА МАРКЕТИНГ, ако се спомне неговата (наша е нели) фирма која се бави со централно греење, проектирање и изведба на топловодни. инсталации со или без радијатори како и централна климатизација... Значи само малку да спомневме и одма опомени фрчеа, казни и незнам што и се тоа на оваа тема се дешаваше.. . Од овој форум дигнавме раце и двајцата, затоа што од одредени членови И НИВНИТЕ НАВРЕДИ, како и тактичкото поставување на сопки со цел да се исмее другиот или веројатно конкурентот...
Од истите тие членови, и темава е забегана скроз на скроз, па видете и самите, САМО ЗА КЛИМИ СЕ ЗБОРИ. Нашите предлози не беа прифатени, да се подели темава во две, а во таа втората да се дискутира само за клими, а оваа оригиналната да си остане со овој наслов, за се друго, затоа што ПОСТОЈАТ И ДРУГИ НАЧИНИ НА ГРЕЕЊЕ, не се само климите. Јас имам и докази кои ќе потврдат дека може за исти пари да се грееш и на друг, сосема тивок и без "промаја" начин, ама кога и да почневме да збориме, секогаш добивавме сопки од админ фелата и неговите пријатели тука на форумов... Затоа и се откажавме. Брат ми не ни сака више да чуе за кајгана и да учествува тука, а јас еднаш на неколку месеци ќе прочитам колку мноогу јака "експертиза" имате од некои тотално нестручни лица.
Да знаете само дека од темава е избркан еден СЕРИОЗНО ГОЛЕМ СТРУЧЊАК ЗА ЕНЕРГЕТИКА И ТЕРМИКА, кој што безусловно и без никаква надомест ја понуди својата висока стручност НА СИТЕ ЧЛЕНОВИ, ама беше спречен. Никој до сега од админите тука не најде за сходно да го размисли истото..
А да, да не заборавам, откако беше тргнат брат ми, од мене беше побарано да купам/платам реклама на кајгана ако сакам да биде вратен братот и да можеме "герилски да рекламираме"... Што и да значи тоа...
Поздрав до новиот админ/модератор...
Поздрави го acid...