Ја не сакав да те навредам, ниту пак мислам дека си глуп. Само сакав со малце сарказам, да ти ги посочам грешките у ситуацијава. Тоа што ја мислам, е дека си неук кога станува збор за анализирање на филмско дело. И за разлика од Ставро погоре, не мислам дека тоа е некој вроден талент (иако можда бара да не си дибидус Спонџ), туку дека се добива со искуство и подлабоко проучување на филмската форма. Ја ете, пошто ме интересираат филмови како уметничко дело, сум читал книги теорија на филм, сум се умарал со филозофија на уметност пошто лично ме интересира ептен тоа, сум анализирал филмови и сум ревидирал ставови низ животот за тоа што треба да биде еден филм и како да го оценувам. Тоа е исто ко да фатиш да го слушаш пеер Моцарт, а да не разбираш теорија на музика. Јупитер ќе ти изгледа нејасна, комплицирана и нема стварно да ја разбереш големината на делото. Друго е кога знаеш што е текстура, мелодија, хармонија, динамика, што е соната форма, менует, ваква онаква варијација и кога го слушаш од таа перспектива, сфаќаш тоа копрофилот, какви чудесии праел. Ред други ствари. Ако земеш и ти да го праиш истото и да се замараш ко мене, сигурен сум дека и ти ќе мењаш ставови, ќе почнеш да обраќаш пажња на други елементи, а веројатно до негде и ќе го смениш вкусот, за тоа што ти се допаѓа.
Е сеа, ја нејќам да ти кажам дека треба тоа да го праиш. Само сакам да ти посочам, дека критиките не ти држат вода, ако пробаш да ги протнеш како објективна рецензија на филм. Филмот не значи дека е лош пошто „нема дијалог“ или пошто е „спор“, пошто зависи дали филмот е стилизиран/реалистичен, зависи каква е структурата и тоа што викаш ти „поентата на авторот“.
А дали ќе сакаш еден филм, тоа е сосема друг муабет, зависи од вкус, карактер и слично. Ја на пример, многу филмови кои знам дека имаат огромна уметничка вредност и знам зошто, не ги сакам пошто не ми лежат. И многу кич работи, кои знам дека се евтини, ми се забавни (На пример Б рејтед хорори од 80-ти и 90-ти).
Ти па одма си се навредил јеботе, чоек да не смее малце да појаде гомна.