B
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Обично, во уметноста постои едно непишано правило: Кога едно дело ќе го постигне врвот во една уметничка форма, конвертирањето на истото во друга, ќе резултира со полоша уметност, првенствено пошто губи некои битни сегменти што не може да се пренесат во таа форма, а потоа поради тоа што елементите кои можат да се пренесат, може да се лошо пренесени во другата форма, со што, нема да работат како добар механизам. Решението на тој проблем, е режисерот да направи своја адаптација, да ја смени кожата на наративот со што ќе ја задржи основата структура ама во ново руво, кајшто не може да ги замени тие компоненти, ќе надокнади или со други елементи за да го етаблира тоа што го прави како засебна форма или ќе ги модифицира првите, за да не постои потреба од елементите кои фалат.It
Можеби моите очекувања се нереални, можеби барам премногу или само сум склон кон мрчење. Искрено очекував повеќе, оти од приказната и може да се исцеди уште. Ова не е лош филм, си има светли точки (децата се една од нив), но ми се чини дека екранизацијата можеше да биде многу поуспешна доколку кон книгата на Кинг се пристапеше онака како што тоа го направи Кјубрик со „Сјаење“. Општо познато е дека Кјубрик бил доста слободен и создал филм кој ги надминува дострелите на книгата, а се разликува до оној степен по кој Кинг е „изненаѓен и увреѓен“ од мајсторијата на Режисерот. Е сега, Andy Muschietti не е Стенли, ама сепак можело можело да се вложи малку повеќе инвентивност, која очигледно недостасува. Овде имаме таква доследност (со некои не/значајни исклучоци - времето на дејствието е сменето, а одвоен е и делот кога децата се возрасни) кон изворот која не остава многу изненадувања и е високобуџетен римејк на мини серијата од 90-те.
Обично, во уметноста постои едно непишано правило: Кога едно дело ќе го постигне врвот во една уметничка форма, конвертирањето на истото во друга, ќе резултира со полоша уметност, првенствено пошто губи некои битни сегменти што не може да се пренесат во таа форма, а потоа поради тоа што елементите кои можат да се пренесат, може да се лошо пренесени во другата форма, со што, нема да работат како добар механизам. Решението на тој проблем, е режисерот да направи своја адаптација, да ја смени кожата на наративот со што ќе ја задржи основата структура ама во ново руво, кајшто не може да ги замени тие компоненти, ќе надокнади или со други елементи за да го етаблира тоа што го прави како засебна форма или ќе ги модифицира првите, за да не постои потреба од елементите кои фалат.
Кјубрик бил еден од режисерите што знаат како да убацат свои елементи кои го прават филмското остварување засебно ремек дело. Ја на пример, кога ја читав Одисејата на Кларк, имав едно естетско доживување, а сосема различно кога ја гледав Одисејата на Кјубрик, со што, сакам да не ги споредувам и мешам, ги гледам ко засебни дела. Сличен пример е Куросава со „Blood Throne", кајшто „Macbeth" на Шекспир го конвертирал у самурајски формат или „The Tempest", конвертиран у сај фај формат (Forbidden Planet на Вилкокс).
Ја не сум му ја читал „It“ на Кинг, така што не можам да коментирам за тоа. Филмот, како прича сама за себе, ми беше екстремно многу добар. Мизенсцената растураше. Главни контрасти и споредни контрасти, тежини, бои, движење, оддалеченост и агли на камера (тоа Корејчето од „Oldboy“ и „Handmaiden“ чудесии праи), сите кадри и како беа поврзани... све си функционираше совршено. Од експресионистички аспект, Мускети си играше со емоции на публика, ко со дете. Како идеше наративот, музиката у склоп со визуелните естетски елементи правеа контраст од емоции, сеа имаш паничен напад, следниот момент се газиш од смеење, тензијата ја држи колку што треба и знае кога да ја пушти. Карактеризацијата беше одлична, со дубоки психички слоеви, ментални пореметувања од секаков калибар, ама не така просто и површно иако беше стилизирано све тоа. „It“ (спомнав негде тука мислам), ептен ме потсеќаше на фузија од „Бабадук“ и „Супер 8“ на Спилберг у некоја супер хармонија. Мене лично, многу повише ми се обичаше од стариот иако нејќам да мешам баби и жаби, има размак од многу години меѓу двата. Децата беа срциња, со што Ричи ми беше суперфаворит.
Вака сума сумарум, не глеам што конкретно те разочарало, све си беше ко што треба. Али ако не те мрзи, пиши и твоја перспектива, повлечи и паралели со книгата ако си ја читал.
Више ако зборуваме за засрани дела, највише ме акна „Dark Tower" по глава, пошто сум го читал тој серијал. Кринџав секоја секунда од филмот и тоа премиера кога беше, отидов да го гледам.Во основа јас и не реков дека филмот е лош (додуша, ни ти не го пишуваш тоа). Немам ни некои забелешки во однос на тоа како изгледа (ефекти, естетика и сл.).
Веројатно моите резерви произлегуваат од тоа што ја имам читано книгата. Повеќето од нас, ако не и сите, го визуелизираме, го замислуваме прочитаното, кое не мора да соодветствува со нечија екранизација (тоа не значи дека јас сум „замислил“ подобро, туку дека се јавува извесен расчекор, оти се оди однапред со некакви очекувања кои нормално не можат да бидат исполнети, освен во некои ептен ретки случаи. Освен тоа, овој тип стории веќе станува повторлив (со извесни, помали или поголеми варијации - Гуниси, E.T., Stranger Things, Summer of Night (роман)), па оттаму и по малку заморен. Дури и кловновите ги исцедија како генератори на страв и ужас.
Книгата е прилично добра, и прилично голема (некои 1000+ страни). Авторот си има блескави моменти (Кинг не е лош писател) но знае и тешко да засере на моменти, иако тоа е избегнато во филмот, што е за поздрав. Толку многу текст нуди доста повеќе содржина од она што е сместено во филмот (затоа бев изненаден кога разбрав дека ќе биде филм, макар и во два дела, а не серија / дури и Американските богови ја екранизираа како серија иако е три пати пократка, со сите ограничувања што ги има толкав материјал).
Извесен број важни настани недостасуваат, и ликови (и позитивни, но главно негативни) кои се појавуваат во филмот, а се нешто едвај повеќе од статисти имаат да испорачаат многу за збогатување и за проширување на приказната, па и да ја направат уште поморничава и подобра. Понекогаш доаѓа и до „спојување“ на ликови за да се заштеди во време. Едноставно мислам дека потенцијалот на приказната не е докрај искористен, барем што се однесува до она што е пропуштено.
Како и да е, ова не ми е единствен случај да имам резерви кон екранизации на книги кои веќе сум ги прочитал, дури и тогаш кога филмовите/сериите се често широко прифатени повеќето како добри, многу добри или ремек дела, што не враќа на тоа дека во процесот на читањето си градиме наша претстава за приказната која не може да биде иста со онаа на режисерот и со целиот процес на филмување.
OMG, OMG, OMG... Се надевам овојпат нема да му избега Оскарот. Ама и девојчето кое го позајми гласот во World of Tomorrow (чинам внука му беше) подпораснало, по се изгледа. The hype starts now, очекувам нов mindfuck.
[DOUBLEPOST=1508858280][/DOUBLEPOST]Инаку, малце е рано, има многу кандидати, ама фестивалите за кратки филмови каде морале да земат награда или да бидат прикажани, се горе-долу поминати, па еве ги педесетината кратки анимирани кои се во конкуренција за Оскар. http://www.cartoonbrew.com/awards/2...ualified-films-category-exclusive-153937.htmlПрв пат да се согласиме со нешто. Blade Runner is way overrated.Аууу многу досаден Blade Runner кецов. Иако придавкава се користи претежно за луѓе, филмов можам да го наречам и антипатичен. Имаат некој чуден вајб овие филмови од 1980's. Ништо не почувствував низ цел филм. Огромен недостаток на дијалог.
А почна убаво. Интересна ми се виде приказната, но како што траеше... бавно, ништо не се дешава. Чат-пат некоја тапа акција.
Џабе е визуелно убав, кога внатре шуплина. Како Катарина Ивановска.
Ама не беше ни нешто којзнае колку посебно.Gerald's game е пријатно изненадување. Иако на почетокот се чини дека приказната е очигледна тоа воопшто не е така
Филмот беше ок, ама крајот ми го направи добарАма не беше ни нешто којзнае колку посебно.

Филмот беше ок, ама крајот ми го направи добар![]()
Хмм, не би го гледал пак дефинитивно.Inace blade runner posle nekolku pati gleanje stanue odlicen, vaka na prva i ja go imav razocaruvackiot efekt.

Ми забегаа последните 20 мин од филмот во погрешен правец. Не можам да се изразам баш без спојлер, ама не сакав никоја од тие форми таму да добие вистински облик. Мислев дека се тоа живее во нас и ни прави друштво кога ќе останеме сами. Ко што беше и во филмот. И се заеба со крајот.Isto, mu dodade tezina. Ne znam zaso Hope krajot go hejta.
Колку си се заебал! Donnie Darko ми е во топ 5 филмови во животов до сега.Хмм, не би го гледал пак дефинитивно.
Можно е да има врска ова final cut minal cut directors cut theatrical cut.
Така се имам зезнато со Дони Дарко. Глеав некој директорс кат, за првпат, и не ми се свиѓаше.
Потоа најдов еден пост на интернет кај што голем фан на филмот го има гледано оригиналот, па после го гледал мојов директорс кат, и не можел да си верува на очите, како да гледа друг филм.
Како и да е, јас не го глеав по втор пат обичниот![]()