D
Daedalus
Гостин
Обично, во уметноста постои едно непишано правило: Кога едно дело ќе го постигне врвот во една уметничка форма, конвертирањето на истото во друга, ќе резултира со полоша уметност, првенствено пошто губи некои битни сегменти што не може да се пренесат во таа форма, а потоа поради тоа што елементите кои можат да се пренесат, може да се лошо пренесени во другата форма, со што, нема да работат како добар механизам. Решението на тој проблем, е режисерот да направи своја адаптација, да ја смени кожата на наративот со што ќе ја задржи основата структура ама во ново руво, кајшто не може да ги замени тие компоненти, ќе надокнади или со други елементи за да го етаблира тоа што го прави како засебна форма или ќе ги модифицира првите, за да не постои потреба од елементите кои фалат.It
Можеби моите очекувања се нереални, можеби барам премногу или само сум склон кон мрчење. Искрено очекував повеќе, оти од приказната и може да се исцеди уште. Ова не е лош филм, си има светли точки (децата се една од нив), но ми се чини дека екранизацијата можеше да биде многу поуспешна доколку кон книгата на Кинг се пристапеше онака како што тоа го направи Кјубрик со „Сјаење“. Општо познато е дека Кјубрик бил доста слободен и создал филм кој ги надминува дострелите на книгата, а се разликува до оној степен по кој Кинг е „изненаѓен и увреѓен“ од мајсторијата на Режисерот. Е сега, Andy Muschietti не е Стенли, ама сепак можело можело да се вложи малку повеќе инвентивност, која очигледно недостасува. Овде имаме таква доследност (со некои не/значајни исклучоци - времето на дејствието е сменето, а одвоен е и делот кога децата се возрасни) кон изворот која не остава многу изненадувања и е високобуџетен римејк на мини серијата од 90-те.
Кјубрик бил еден од режисерите што знаат како да убацат свои елементи кои го прават филмското остварување засебно ремек дело. Ја на пример, кога ја читав Одисејата на Кларк, имав едно естетско доживување, а сосема различно кога ја гледав Одисејата на Кјубрик, со што, сакам да не ги споредувам и мешам, ги гледам ко засебни дела. Сличен пример е Куросава со „Blood Throne", кајшто „Macbeth" на Шекспир го конвертирал у самурајски формат или „The Tempest", конвертиран у сај фај формат (Forbidden Planet на Вилкокс).
Ја не сум му ја читал „It“ на Кинг, така што не можам да коментирам за тоа. Филмот, како прича сама за себе, ми беше екстремно многу добар. Мизенсцената растураше. Главни контрасти и споредни контрасти, тежини, бои, движење, оддалеченост и агли на камера (тоа Корејчето од „Oldboy“ и „Handmaiden“ чудесии праи), сите кадри и како беа поврзани... све си функционираше совршено. Од експресионистички аспект, Мускети си играше со емоции на публика, ко со дете. Како идеше наративот, музиката у склоп со визуелните естетски елементи правеа контраст од емоции, сеа имаш паничен напад, следниот момент се газиш од смеење, тензијата ја држи колку што треба и знае кога да ја пушти. Карактеризацијата беше одлична, со дубоки психички слоеви, ментални пореметувања од секаков калибар, ама не така просто и површно иако беше стилизирано све тоа. „It“ (спомнав негде тука мислам), ептен ме потсеќаше на фузија од „Бабадук“ и „Супер 8“ на Спилберг у некоја супер хармонија. Мене лично, многу повише ми се обичаше од стариот иако нејќам да мешам баби и жаби, има размак од многу години меѓу двата. Децата беа срциња, со што Ричи ми беше суперфаворит.
Вака сума сумарум, не глеам што конкретно те разочарало, све си беше ко што треба. Али ако не те мрзи, пиши и твоја перспектива, повлечи и паралели со книгата ако си ја читал.
[DOUBLEPOST=1508858280][/DOUBLEPOST]Инаку, малце е рано, има многу кандидати, ама фестивалите за кратки филмови каде морале да земат награда или да бидат прикажани, се горе-долу поминати, па еве ги педесетината кратки анимирани кои се во конкуренција за Оскар. 
