- Член од
- 14 октомври 2010
- Мислења
- 5.155
- Поени од реакции
- 16.104
Па некоја која била тазе вознемирувана се охрабрела и прозборила, и по неа почнаа да се отвараат сите. Дека не знаеле, не е точно, тоа било јавна тајна во Холивуд. Веќе спомнав: Палтроу го спомнала тоа пред 19 години во шоуто на Летерман, Rose Mcgowan го тужела еднаш, некоја трета, исто, дури и поднела аудио снимка во полиција... Сите знаеле, само сите се правеле ко да не знаат. Сет Мекфарлан при доделувањето на Оскарот за најдобра актерка во 2013, на сцена рекол: честитки до сите номинирани, вие 5 не мора да се преправате веќе дека го привлекувате Харви Вајнстејн. Ова го кажал откако неколку дена пред Оскарите некоја актерка му кажала нему дека Харви сексуално ја вознемирувал.
Некои не ги интересира што се случува, други имаат интерес од него, знаеме како се врти светот.
Јас чекам да почнат да се кажуваат и други приказни, чисто да е поинтересно, а и да се покажат лицемерниве артисти.




