A Ghost Story
Воведниот дел во филмот и процесот на жалење на таа ми беше нешто најдосадно што сум го изгледала во животов. Додека се дешаваше една сцена, имав време да размислувам за сите проблеми, да каснам нешто, да одам до продавница, да дремнам, да се вратам и пак бевме на истото место...
За она нешто ок што продолжи понатаму после првите 40 минути, си доби 6. Најмногу поради некоја уникатност што знам ти што, имаше и нешто убаво, пример атмосферата и музиката и како заедно си се надополнуваа, мрачен беше и депресивен, не го заборавив одма... Ама, не беше се она што се очекуваше. Т.е јас што очекував, гледам многумина си добиле што чекале од него. Филм, толку длабок и тежок кој понатаму ќе послужи како урнек за создавање на ремек дела и времето ќе го претвори во култен нема шанса.