Лошото е што веруваш во ова, немало пратено понуда, имало интерес, ама преговорите не успеале. Како преговорите не успеале, ако немало понуда и било само интерес? Али добро, не те кривам тебе, сето ова Мурињо ви го прави.
@Ilumious пред некој пост имаше напишано дека ние фановите на Реал и фановите на Челзи не сме го разбирале Мурињо со игрите што ги водел, не, баш напротив, вие сте тие што не го разбирате Мурињо зашто ја имате видено само едната страна од паричката (како тренер на клубот), додека ние ги имаме видено двете страни, како тој се однесува додека е тренери откако ќе си отиде од клубот.
Истото го прави Мурињо на фановите на Јунајтед, што го правеше на фановите на Реал, Челзи, Интер и сите претходни клубови кадешто бил менаџер. Да, можеби Мурињо е најдобар во тоа да манипулира со медиумите, федерацијата, другите тренери и играчи за добро на ЈУНАЈТЕД, ама затоа е и најдобар во манипулирање со фановите на клубот кој што го води за НЕГОВОТО лично добро. Ама нема везе, ти верувај во Мурињо се што ќе каже, ќе видите како ќе се понаша према Јунајтед откако ќе замине од клубот.
Впрочем целава негова изјава е олицетворение за човекот. Преговорите не успеаа, ама ние немаме пратено понуда, само интерес имаме пројавено за играчот. Нула логика.