Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Ме интересира нешто околу Littlefinger...

Има доста луѓе што се незадоволни од начинот на кој што "отиде". Сметаат дека таков мастер манипулатор сценаристите го отпишале многу брзо, дека нема шанси некој како него да биде заебан од деца...
Иако се согласувам дека скоро ништо не видовме од него сезонава (и ми е криво за тоа, затоа што он и Варис ми се омилени ликови, а ни Варис не го видов повеќе од 5 минути), сепак целата работа околу отпишувањето на Littlefinger според мене беше солидно изведена и целосно логична. Некои викаат дека требал откако Брен му кажа "Chaos is a ladder" дека требал да знае дека Брен знае веќе нешто за него и дека требал да направи нешто околу тоа. Океј, но што? Да бега? Каде ќе бега? Кој ќе го прифати? Сигурно не Серсеи, бидејќи заради него Болтон го изгубија Винтерфел. Сите други го мразат (меѓу кои и тие од "неговата" куќа, што сметам дека беше причината зошто никој не се обиде да го одбрани).
Он се обиде да направи нешто логично. Да ја манипулира Санса, како и до сега. Но Санса се разви во лик со многу искуство од свои грешки, а особено по лагите на Littlefinger знаеше многу добро да не му верува ништо.
За на крај Littlefinger пред својата смрт најпрво да негира дека е вмешан во било што, па на крај да признае и да моли за својот живот, како типична кукавица. Никогаш не бил борец.

И сметам дека воопшто не беше малку употребено против него. Потребни беа Брен, кој веќе е како суперхерој, Санса што има повеќе од доволно искуство со него, и Арја која што имаше тренинг со faceless men да го прочитаат Littlefinger. Значи не е дека онака умрел.
Иако да, се согласувам дека заплетот што го прикажуваа во серијата помеѓу Санса и Арја беше толку исфорсиран... Абе серка невидена... Но јебига, серија е, мора некако да кренат тензија.

Исто и овој дел спомнат од Raziel:
Го памтите Литлфингр како екстремно глуп монголоид? Минатата и оваа сезона Бејлиш е тоа. Монголоид. Ја дава Санса на Ремзи, за после да носи цела армија и да го тепа Ремзи. Зошто? Кога стигнува во Винтерфел, го спасува Џон, копилето на Нед Старк. Бејлиш од претходните сезони намерно ќе задоцни малку, доволно за да остави Џон да умре и армијата на Џон да биде смачкана. Тоа е веќе Бејлиш и има смисла. Така добива смисла и неговата инвестиција во Санса, како наследник на Северот и негов Warden of the North. Ама не. Херојски дојава со армијата, го спаси и после шо прави, damage control? Многу јак демиџ контрол, сибало мајката. Му плеска у фаца на Џон дека сака да ја плоди сестра му у гробницата на татко му, суптилниот и умен Бејлиш. Пушта глупо писменце за да ги раскара сестрите, па Бриен да мора една од нив да убие. Маестрално. Ништо нема од Литлфингр. Само глумецот остана. Изгледа треба да умира. Обично кога треба да умираат, ги прават глупи и несвојствено непромислени, у дветри епизоди.
Ова си беше сосема на место. Како Littlefinger може да знае кога точно да дојде? Ваљда нема да прати некој извидник и да му каже "ај ко ќе видиш дека сите се умрени дојди кажи ми, да ги смачкаме ние". Или па да касни намерно премногу кога веќе ќе нема никој на бојно поле и ќе нема против кого да се тепа...

Ваше мислење?
 
Littlefinger ја сакаше Санса и преку неа планираше да дојт до Винтерфел. Очекуваше возвратенрна љубов но премногу далеку замина со нејзе за то да мојт да се десит. Не мислеше дека северњаците ќе застанат на страна на копиле затоа и го спаси. Се на се имаше тешки противници, доволно ќе беше и Арија која можеше да го скинит во некое темно ќоше онака ради задоволство, а да не го спомвам Бран кој ја реши цела енигма. Со оглед на то дека имаше 7 епизоди и немаше време за многу ширење, смрта беше ок, иако мислев дека ќе имат кец во ракавот а него сета игра му била во то да ги скарат сестрите па да дојт на подобро ниво.
 
Добро како и да е, без разлика дали некој од некого крадел, тој што читал wow lore, ке увиди дека концептот на приказната во wow и got е скоро ист.

Sent from my SM-J320FN using Tapatalk

Не? Ner'zhul е орк Shaman кого Kil'jaeden го претвора во Lich King на основа на пакт кој го имаат склучено многу порано и кој Ner'zhul не го испочитувал откако дознал кој всушност е Kil'jaeden. Целта на Ner'zhul/Lich King од старт е припремање на Azeroth за инвазија.
Night King e направен од страна на Children of the Forest со цел да се бранат против луѓето.
 
Зошто отидовте толку оф топик, па што к** е битно од каде му е на некој инспирацијата за ликовите или настаните.

Серијата е една од најдобрите нешта на тв, тоа е недвојбено.
 
Зошто отидовте толку оф топик, па што к** е битно од каде му е на некој инспирацијата за ликовите или настаните.

Серијата е една од најдобрите нешта на тв, тоа е недвојбено.

dobroizvinetenesakavmenebesenamerno :(
 

Една од полудите теории што ги имам прочитано, барем за книгите, е дека Џон и Арја всушност се сакаат повеќе од брат и сестра и на крај ќе се земат. И ова се поклопува со сега потврдената Р + Л = Џ, затоа што не се брат и сестра туку први братучеди, а тоа не е табу, планот за Санса едно време беше да се земе со Робин Арин, што исто и` е прв братучед.
 
Една од полудите теории што ги имам прочитано, барем за книгите, е дека Џон и Арја всушност се сакаат повеќе од брат и сестра и на крај ќе се земат. И ова се поклопува со сега потврдената Р + Л = Џ, затоа што не се брат и сестра туку први братучеди, а тоа не е табу, планот за Санса едно време беше да се земе со Робин Арин, што исто и` е прв братучед.

не се први братучеди, тетка и внук се
 
GS3e9XqoE9o.jpg
 
Колкава е разликата во години меѓу Џон и Данерис во филмот (или книгите сеедно), не би требало нешто ептен постара да е оваа, иако му е тетка?

А овој Регар сигурно е барем 17-18 години постар од Данерис и Висерис, тие сите се од иста мајка или Лудиот Крал имал повеќе жени?
 
Колкава е разликата во години меѓу Џон и Данерис во филмот (или книгите сеедно), не би требало нешто ептен постара да е оваа, иако му е тетка?

А овој Регар сигурно е барем 17-18 години постар од Данерис и Висерис, тие сите се од иста мајка или Лудиот Крал имал повеќе жени?
Џон е постар месец-два од неа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom