Не гледам многу да се споменува овде, не знам зошто, но јас имам впечаток дека Нед Старк и покрај тоа што активно во серијава учествуваше само 9 епизоди, до ден денес има страшно голема улога. Само епизодава во 3-4 сцени беше цитиран, споменуван и тоа со најголема почит (Арја и Санса, Серсеј со тоа што по автоматизам му веруваше на зборот на Џон, знаејќи кој го одгледал и самиот Џон со Тион сцената, каде што пак се гледа позитивното влијание врз двајцата). Кој што сака нека каже, направи грешки што го коштаа животот, ама Џон (Егон се извинувам
) кој е дефинитивно ултимејт лик во серијава, би бил нула без влијанието на татко му (всушност
чичко му, ама нема врска).
Два збора одлично го опишаа Нед во серијава и тоа од Роберт, кој и покрај тоа што ова го кажа изнервиран од неговите размислувања, сепак пак се осеќа почит и дури и чудење како може човек така да се држи до принципите, дури и по цена на позиција, парите или не знам што друго.
This honourable fool