- Член од
- 15 март 2010
- Мислења
- 5.869
- Поени од реакции
- 6.383
Во UFC има страшен физички напор нон стоп, поготово кога се легнуваат на земја, се маваат со нозе цело време со лактови и што ли не.. греота да се спореди со бокс , каде често се гледат у очи и кружат еден околу друг по цели 5-6 рунди без да се удрат... така да таа логика ти е грешна ама ептен. Друга работа е што многумина го карактеризираат мечот како ревијален, у стилот дека е само за пари и ништо повеќе, ништо чудно да си играт мачка и глушец до последна рунда па да се реши на поени...Мејведер-Мекгрегор 7.5- 1.9
Што е ова 7.5 помалку? Удари? Нокдауни? Рунди?
Значи толку ми изгледа како преголем поклон квотава што дури не изгледа реално ваква граница за рунди да е...6.5..ајде до негде сфаќам..дури 5.5 очекував а немаше да се шокирам и на 4.5
Знам дека се поставувам во позциија да бидам цитирам, али гајле ми е, барем мечот ќе си го направам поинтересен.
Професионален непоразен боксер против човек што прв пат ќе се боксува во живот.
Ајде тоа настрана.... единствен начин како Мекгрегор би победил е ако во првите рунди го изненади Флојд и почне да напаѓа силно. Мекгрегор во УФЦ максимум има сили за по 10-15 минути дури и тоа му е многу...после тоа губи сила и не може да се движи...што во превод значи ако не видиме нокаут во првите 3-4 (па и пет) рунди...во следните рунди ќе гледаме преморен Мекгрегор како пробува да ги избегне силните удари на Флојд....а тоа не верувам дека би го виделе..