Арда, Мунир, Денис и Рафиња би ги продал без око да ми трепне. Рафиња не е лош ама повеќе е повреден него здрав. На Алења треба да му се даде шанса.
Со парите од овие 4-ца сигурно ќе се најде некој солиден играч од средината, не мора како слепи за стап само по Верати да одат, чим не е достапен чао, има и други играчи кои можеби не се од класата на Верати, но би биле добро решение за средниот ред, кој и така ни е далеку од славните денови.
Роберто не смеат ни да помислат да го продадат.
Бускетс ме разочарува, си тера по старо, ланската сезона му беше крш, три натпревари се на се дали ги изигра добро, оваа како тргнал ќе биде истиот од лани. Треба да почнат да бараат асална замена за него.