Ајде малку да ви расправам за шведското здравство, затоа пто многумина се во заблуда. Ви пренесувам туѓи(од прва рака) и лични искуства...
Жена заболена од канцер на градата оди и му кажува на докторот симптоми, овој почнува да гугла за истите. Одбивав да верувам дека тоа е вистина се додека истото не ми се случи и мене.
Друг случај, колешката со распространет канцер низ цело тело, а претходно веќе прочистена од канцер, доаѓа на лекар, ја праќаат дома. Тестовите за канцер негативни. Женава мораше да работи во таква состојба, канцер распространет низ цело тело во крајна фаза. На крај инсистираше на милион тестови, па едвај некако го открија и и' кажаа дека нема да преживее.
Патем, во Шведска нема одење на лекар или правење крвна слика чисто за проверка на здравствената состојба, освен ако немаш некаков симптом, а и да имаш, не прават целосна крвна слика, туку само за ина што би можело да открие од каде доаѓа симптомот.
Друг случај, колешка оди на обичен гинеколошки тест. И праќаат писмо дека има некаква венерична болест за која ни самите медицински лица немале чуено(откако им се јавила за да се имформира). Дома со сопругот партал се направиле, скоро до развод дошло и на крај излегло дека резултатот е грешен.
Човек што не си ја знае крвната група одбиваат да го тестираат освен ако не донира крв.
Една жена проверила крв, вредностите не биле во ред, три години молела лекари да испитаат зошто, на крај испаднало канцер.
Мое денешно искуство, се жалам на болки во желудникот, ми ги испитаа сите органи ОСВЕН желудникот.
Има недостаток на лекари, па примаат секаква брага. Лекари, учете јазик и доаѓајте.
Пак кажувајте ми бајки за западот.