Мелисандре од лани се нема соблечено.
И поарно.
Мисандеи, ќе поправам!
Возбуден од борбата сум дека
Добра епизода, исто ко првата. Ги распределија кокците кој со кого е. Сеа го чекаме твистот, односно кој кого ќе предаде прв.
Не ми се допаѓаше единствено сценариото при „предомислувањата“ на ликовите заради тоа што се одвиваше премногу брзо. Калисито прво наапана на Варис до крај зоштоја предал неа и татко и, за после одма да му прости. Северните лордови не го пуштаат Џон, за после одма да се согласат со него. Санса негодува, за да се согласи и таа кога ќе и рече дека она ќе биде кралица дур го нема. Рендл Тарли глуми чесен човек верен на Олена, за Џејми после 3 реченици да го убеди дека треба да се бори од кај нив, пошто ќе стане нов Warden.
Но тука се глеа која е поентата на сценариото. И кај Санса и кај Тарли беше истиот порив. Ги снема негодувањата веднаш штом им се понуди моќ за возврат. Затоа не ми сметаше тоа, менувањето на ставот, него брзината со која се изведе. Ќе беше подобро да видевме дека го смениле ставот после 2-3 сцени но и тоа е разбирливо зошто не го прават, затоа што има уште премалку епизоди и мора да убрзаат све.
Арја не е веќе/не е повторно Арја Старк, затоа и Нимериа не и пријде, но тоа сум скоро убеден дека ќе се смени и ќе ја видиме глутницата волци како кине глави во спасување на Арја.
Инаку, при борбата кога го фати една од змииве со камшик Еурон, очекував дека ќе му ја пресече раката некој па ќе го видиме после заедно со Џејми како се побратимуваат, но тоа ќе беше многу Монти Пајтон.