На таа популарност мора да се задоволи и шуто и сакато а серијата почна да ја гледа било кој, дури и луѓе за кои отсекогаш било апстрактна именка торент/спојлер/епизода/сезона и слични нешта околу концептот на гледање серии. И најверојатно мора да се удира вака - кадар од змејови, понекој пејсаж, тепачка и ако имаме среќа, цицки, и тоа е тоа. Нема што повеќе да се бара од ГоТ.
Смешно ми е кога ќе ми текне дека сме барале скриени значења во дијалози, во сцени, кога сме го барале поттекстот на сите случки од првите сезони. Ме потсеќа на Лост, дрндавме по цел интернет 5 години и на крајот не можејќи да најдат излез, ни го зачукаа.
Сличен случај е и ГоТ, после концептот на Џорџ Мартин кој го напуштиле, мора да се истера некако со брзи решенија, да се затворат некои работи, да се повлечат потези кои немаат баш и логика, but for the sake of the story.
Понекогаш гледам инсерти од првата сезона, со помалку буџет серијата изгледаше пореална и посвојствена на тоа што сака да го прикаже. Од пред две сезони, тоа не е баш така.
И не се само ликовите оние кои веќе не чинат, туку и местата. Мене не ми текнува кога последно гледавме во внатрешноста на Кингс Лендинг, а тоа да не е во палатата на Серсеи, или пак на северот и целата таа географија на збиднувања. Се се спакува полека во помали места, најчесто ентериери, а во ентериер ти треба дијалог кој ќе издржи.
Арја не знае кај тера, две сезони е ужасно мачење да се гледа тој лик, не може да се следи досега.
Не можат да се следат ни толку ликови кои никогаш не сменија ништо значајно во приказната, тие жените од Дорн, сите овие Грејџојс кои беа пресмешни и преглупи ликови и единствено добро е што не постојат повеќе после оваа епизода.
И Џејми е тука некаде, има предосадна приказна и најчесто е во улога на статист, а генерално се оставија значителен број на незавршени приказни и претерано многу нелогичности.