Каква епизода
![](//emoji.tapatalk-cdn.com/emoji122.png)
Се осеќа полека полека како се засилува се.. Во еден миг помислив дека Џон ќе се откаже да оди во Драгонстоун, целовреме ми се чинеше дека е too good to be true и сепак нема да го видиме тоа сезонава, но кога го видов трејлерот срцето ми застана не можам да се совземам
![](//emoji.tapatalk-cdn.com/emoji33.png)
Жал ми е за Тион, очекував во последна минута да избувне некоја храброст од него и да покаже како ја надминал траумата и станал бездушен а гневот кој го насобрал кон Ремзи ќе го истури врз Јурон, мислев ќе му го закачи мечот в срце и ќе ја оправда причината зошто преживеал и се изборил со се, можеби и до крајот ќе видиме нешто такво од него..
Мене нешто ми е многу чудно во Кингс Лендинг, како тоа народот никогаш за ништо не се буни. Серси ја разнесе септата, стотици невини умреа зар нема никој од граѓаните да кренат бунт против неа, се што се случи беше нејзина вина а таа пак комотно прави што сака и не сноси последици, не верувам да е некој голем залагач за народот па толку да ја сакаат..
Санса ми е сомнителна, се надевам дека Литлфингр нема да и го испери мозокот додека Џон не е тука, а искрено се надевам дека и тој наскоро ќе се најде на црната листа на Арја..
Sent from my SM-T310 using Tapatalk