- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.065
- Поени од реакции
- 12.611
Сопранови почнаа да се снимаат во 1999 година кога телевизорот беше уред за гледање на цртани филмови за децата, филмови за повозрасните, вести и спортски содржини.Јас се што сум гледал споредувам со Сопранови. Какви Брејкинг Бедови какви пичке матерне.
Династија беше завршила пред 10 години, исто и А-Тимот и некои други серии, а Холивуд царуваше насекаде. Телевизорот беше речиси бескорисен, со исклучок на сапуниците и спортските натпревари, кои ги има секоја година.
Сопранови го смени сето тоа, ги врати луѓето пред телевизорите, а се занимаваше со најразни теми од животот, почнувајќи од организираниот криминал, зависноста од наркотици и алкохол, коцкањето, семејните несогласувања помеѓу родителите и децата, општествените разлики и поделби и ред други теми, прикажувајќи ги низ призмата на Тони Сопрано и луѓето кои се блиски до него.
Една од најинтересните теми кои ги обработува серијата, а малкумина ја забележуваат, се односите помеѓу родителите и децата, особено кај итало-американците. Кај итало-американците, исто како и кај самите Италијанци, односите помеѓу децата се нешто речиси свето, а синовите се кралските наследници кои треба да ја продолжат и да ја размножат семејната лоза.
Е па во семејството Сопранови, ќерката која постојано е предмет на потценување од страна на сопствените родители, на крајот се воздигнува како вистински наследник на семејството, додека синот, кој е третиран како крал и на кого сите хирови му се задоволени и исполнети, на крајот завршува како чиста пропалица, како бел слон во кој се истурале пари, а на крајот ништо не биднало од макотрпната инвестиција.
Има и ред други теми кои се интересни во серијата и ја прават интересна и забавна.
Останатите серии, како што се Breaking Bad, која почна да се снима во 2008 година кога ТВ сериите веќе беа станале стандард, Game of Thrones, која почна да се снима во 2011 година и останатите серии од нивни тип, се направени за да билдаат гледаност и за да заработуваат пари, а не за да предизвикаат револуција во телевизијата, како што тоа го направија Сопранови.
Зоран Чалич, српскиот режисер на Луде Године, односно на Жикина Династија, неодамна изјави дека кога Драгомир Бојанич Гидра би бил жив, Чалич со него би снимил уште 10 филма Луде Године ако треба. Но без Гидра, Жикина Династија не е Жикина Династија.
Истото важи и за Сопранови.
Дејвид Чејс може да сними нови сезони од Сопранови, но без Џејмс Гандолфини, Сопранови не е Сопранови.