На сред работно време ми доаѓа со каталог од авон и вака ми вика.
- Маче, не сум јас од оние што замараат, фрлам каталог да разгледаш и си одам јави се ако сакаш нешто.
*36 минути подоцна.
- Страна 203 маче. Ноќна крема против брчки, на пола цена е. Растур ме прават за нарачка за неа.
* А?!
- страна 204. Парфеми 2 по цена на еден. Овој зелениов ти е иначе иљадарче. Вака два си зимаш. Земи си шо се замараш.
*10 парфеми наредени на слика.
- Овој претпоследниов главна горна нота му е ванила. Долна нота планински цвет а средни ноти кафе и цвет од хибискус.
*оваа иначе жена на мој раководител е мораш да ја трпиш, не мораш, ама ете шо знам...
- ова моливче за усни како што можеш да видиш на мене ги истакнува усните, ги прави нежни и меки, убави негувани...
*женава како џокер се шминка. После 2 саати ти го објаснува конечно попустот на последна страна и уште за тоа си собрал сили да го ислушаш, мозокот ти заспал, размислуваш веќе и за самоубиство, гледаш светлина на крајот од тунелот и од тунелот искача фацата на оваа дебелава ко онаа мачката од алиса во земјата на чудата, пренашминкана, намирисана, стегната и се губи и само нашминканата уста и останува и ти вика:
- МАЧЕ ИМАМ И ФЛАЕРЧЕ ПЛУС НА СТРАНА.