Книги кои би ги препорачале

  • Креатор на темата Креатор на темата JeCILaDy
  • Време на започнување Време на започнување
"Приказна на една мајка" - Аманда Провс
Книга во која се разработува темата на постпородилна депресија. Џесика и нејзиниот сопруг желно го очекуваат доаѓањето на свет на нивното бебе. Бременоста тече во најдобар тек, но кога доаѓа време за породување, Џесика веќе не знае дали сака да биде мајка. Актот на породување се комплицира, но на крај успеваат да останат живи и здрави и таа и бебето Лили. Првото прекорачување преку куќниот праг со бебе во раце значи почеток на пеколот на Џесика...
 
Книгите што го проголтаа татко ми - Алфонсо Круж :love:

Краток, но неверојатно добар роман. Секогаш се навраќам..
 
Да се пофалам сам ако не :D
Збирка раскази за џуџиња кои си играат со јојо, скокаат на јарец и се бодат со сечило, пар дечко и девојка едниов инвалид со 2 раце, другава со една нога, шо си играат заедно куцкамен, земја Ретардонија во која живеат 300 будали, а 10 нормални се заглавени в санаториум и ја тупат со филозофија и така натака.

23376193_1613375882054324_1195376054168596983_n.jpg
 
Последно уредено:
Приказната на Марија - Стојан Андов
За љубителите на вистинити животни приказни, семејни... малку зачинета со политички, диполматски детали од кариерата на Стојан. ја препорачувам Приказната на Марија од првиот собраниски спикер Стојан Андов, тоа е приказна за неговата жена. Имено таа е почината и пред смртта побарала од него да напише нешто за неа. Книгата го раскажува животот на Марија од рано детсво до смртта, раскажува за животот со Стојан неговите служби. Има и дел за нивните предци мене ме изненади колку е добро напишана навистина интересна приказната на Марија. Се зборува и за нејзините познанства со познати високи функционери за Глигоров, за Јованка Броз...
Stojan%20Andov%20-%20Pokana%20-%20Prikaznata%20na%20Mat.jpg
 
Да се пофалам сам ако не :D
Збирка раскази за џуџиња кои си играат со јојо, скокаат на јарец и се бодат со сечило, пар дечко и девојка едниов инвалид со 2 раце, другава со една нога, шо си играат заедно куцкамен, земја Ретардонија во која живеат 300 будали, а 10 нормални се заглавени в санаториум и ја тупат со филозофија и така натака.

Прегледај го приврзокот 180284

Честитки, другар!
 
Може да ми препорачате некоја комедија, и некоја книга поврзана со патувања.
Благодарам
 
Предложете книга за поклон за женско, нешто со посериозна тематика, да не е нешто слично на фифти шејдс оф греј ...
 
Предложете книга за поклон за женско, нешто со посериозна тематика, да не е нешто слично на фифти шејдс оф греј ...
Ако си и сопруг, ти ја препорачувам збирката раскази - „Мојот маж“ од Румена Бужаровска, издание на Или Или, ако ти е девојка, нешто со љубовна тематика, ама не некои патетики во стил на Спаркс, или Фифти шејдс, што спомна, туку, да речеме, да речеме... „Вишнова хроника“ од Фросина Пармаковска, исто издание на Или Или. Ако ја сакаш, ама понекогаш те нервира многу, купи и ја „Тунел“ од Ернесто Сабато :D , издание на Табернакул. А ако ти е сестра, или мајка, распрашај се прво што сака, зависно од жанрот, омилените теми, можеме да ти предложиме наслови.
 
Па женска ако можам да ја дефинирам така, тазе сме уште пред 3 недели искочивме првпат, така да љубовни не ми личат за добитна комбинација.Од она што го имаме зборено трилер највеќе чита.
 
Расказите на Рејмонд Карвер. Еден од посилните претставници на американскиот расказ. Ова се раскази за маргиналците, за осамените, за обичниот човек. Стилот на Карвер се труди да го опфати секојдневието, да го претстави соголено какво што и е, без некакви силни сензации, за значењето на преќутеното/тишината што се наоѓа помеѓу дијалозите.
 
"Оркански Височини" од Емили Бронте.
Случајно се потсетив на книгава, одамна ми е прочитана и тоа два пати и се уште се сеќавам на содржината. Можам да кажам дека ми е еден од првите посериозни романи кој сум имал прилика да ги читам на возраст можеби несвојствена за ваков тип на литература.
Изданието кое дома го имам е од 2004 година, ако некој се сеќава на проектот на "Дневник" и "Утрински Весник" едицијата на светски литературни класици. Многу добар проект.
Конкретно за книгата. Е еден од бисерите на англиската и светска литература и воедно е единствен роман на Емили Бронте, една од трите сестри Бронте, нејзино ремек дело кое ја прославило низ светот. Малку контроверзен роман за своето време во поглед на содржината поради описите на физичко и психичко насилство каде централна улога завзема невозможната и оспорувана љубовна приказна на двајцата главни протагонисти.
Нема да навлегувам подлабоко, навистина ремек дело кое вреди да се прочита.
 
Да се пофалам сам ако не :D
Збирка раскази за џуџиња кои си играат со јојо, скокаат на јарец и се бодат со сечило, пар дечко и девојка едниов инвалид со 2 раце, другава со една нога, шо си играат заедно куцкамен, земја Ретардонија во која живеат 300 будали, а 10 нормални се заглавени в санаториум и ја тупат со филозофија и така натака.

Прегледај го приврзокот 180284
Прекрасно звучи, a must read!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom